Барса и Реал во двобој за нов пехар

Денеска, на стадионот „Местаља“ во Валенсија, екипите на Барселона и на Реал Мадрид ќе го одиграат мечот број 43 во рамки на Копа дел Реј. Ова им е нова можност за трофеј и за докажување на квалитетите.

Барселона има повеќе победи на меѓусебните пресметки во Копа дел Реј и досега од 32 средби има 14 победи. Реал успеал да победи на 11, а седум дуели завршиле нерешено. Покрај тоа и гол разликата е израмнета и е 62:62.

АНЧЕЛОТИ ВЕТУВА ТИТУЛА

Каталонците се рекордери според бројот на трофеи во Копа дел Реј со 26 трофеи, а ова е шанса за уште еден повеќе. Реал заостанува многу и засега има само 18 титули. Оттаму ова е дуел на кој ќе може да се види кој тим колку е подготвен за надигрување на средбата.

„Во овој двобој влегуваме со истата желба со која ја посакуваме и титулата во Примера, но и во Лигата на шампионите. Средбата е од исклучително значење за нас од неколку причини. Прво тоа е првиот трофеј кој може да го освоиме во оваа сезона. Второ, затоа што играме против силен ривал како Барселона. Мечот е важен и од психолошка гледна точка. Оној што ќе успее да победи ќе има многу поголема мотивација и желба за уште подобра игра до крајот на сезоната“, вели тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Тој им праќа порака на фановите дека денеска ќе може да се радуваат на првиот трофеј сезонава и дека Реал ќе успее да ја надигра Барселона.

„Нема психолошка предност за Барса поради двете победи во првенството. Ова е сосема поразлична средба. Ние сме им должни на нашите фанови и мора да одиграме добро со голем мотив и многу концентрација. Сè уште немаме примено гол сезонава во Купот и заслуживме да сме во финалето, но и да го освоиме пехарот“.


ПУЈОЛ СЕ ВРАЌА ГЛАДЕН ЗА ПОБЕДИ

Од друга страна, Барселона се обидува да ја спаси сезоната која во последните денови отиде во тотално погрешна насока. Големата предност пред Реал Мадрид беше загубена и сега „кралевите“ се во позитива во Примера. Оттаму во Копа дел Реј е шансата за трофеј.

„Ние сме силна екипа во која се собрани многу победници. Не треба да се поставува под сомнение нашиот глад за успех. Сепак, работите не се одвиваат како што планиравме. Претседателот и раководството ни даваат поддршка и ние сме благодарни за тоа. Нашата цел е да го освоиме Купот и ќе се потрудиме да го направиме тоа. Ќе одиграме максимално за да дојдеме до победа на овој меч. И понатаму сме гладни за успех и веруваме дека можеме да дојдеме до триумф“, изјави капитенот на Каталонците, Карлос Пујол, кој денеска ќе биде во составот и ќе помага на одбраната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...