Спринт на Бејл од 27 км/ч

Велшкиот интернационалец Герет Бејл на финалниот натпревар од шпанскиот куп против Барселона потврди зошто е платен 100 милиони евра од Реал. На Кралскиот клуб му го донесе трофејот со фантастичен гол во финишот на средбата. Пет минути пред крајот на мечот заморот не беше пречка за Велшанецот да претрча 58 метри од теренот и својот чувар Бартра за да го постигне победничкиот погодок. Неговиот одличен спринт се врти и уште долго ќе се врти на најавните шпици на спортските емисии. Статистиката покажува дека Бејл при таа акција трчал со брзина од 27 километри на час.

„Морав многу да се потрудам за голот. Бартра ме истурка и се обиде да ме блокира па морав да го заобиколам за да стигнам пред него до голот. Беше убав гол, но пехарот е уште поубав. Дојдов да освојувам трофеи и се надевам дека ова ќе биде прв од многуте“, изјави Бејл.

Велшанецот од шпанските медиуми го доби прекарот „Кралот Бејл“.

Пред извесно време Бејл постигна одличен гол против Елче, а според „Марка“ по ударот топката патувала со 100,5 км/ч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...