Касиљас го брка рекордот на Зенга

Икер Касиљас дојде во Бразил со импресивен рекорд. Тој нема примено гол на Светските првенства 433 минути и му требаат уште 84 минути да го изедначи рекордот на Валтер Зенга поставен во 1990 година.

Од дебито на Мундијалите во 2002 година Касиљас ја има сочувано мрежата на вкупно седум натпревари и му се потребни уште три да биде рамо до рамо со Петер Шилтон и Фабијан Бартез.

РЕПРИЗА НА ПОСЛЕДНОТО ФИНАЛЕ

Вечерва силите ќе ги одмерат финалистите од минатото Светско првенство Шпанија и Холандија. Пред четири години „црвената фурија“ ја совлада Холандија со голот на Андрес Иниеста во 116 минута и го подигна трофејот, а Холандија, која го играше третото финале на Мундијалот во историјата третпат замина со празни раце.

Во Бразил двете екипи повторно ќе се пресметаат но сега ќе бркаат бодови за пласман во следната фаза од турнирот.

СНАЈДЕР ВЛЕГУВА ВО „КЛУБОТ 100“

Весли Снајдер вечерва против Шпанија ќе го одигра 100 натпревар во дресот на холандската репрезентација и ќе стане шестиот холандски фудбалер кој ја минал таа граница по Едвин ван дер Сар (130 настапи), Франк де Бур (112), Рафаел ван дер Варт (109), Џовани ван Бронкхорт (106) и Филип Коку (101). Снајдер призна дека загубеното финале против Шпанија во 2010 година му е најголемото разочарување во кариерата.

„Многу ми беше тешко да поминам покрај трофејот без да го грабнам. Бевме толку блиску до Шпанците не победија во продолженијата. Тоа ми е најголемото разочарување во кариерата“, изјави Снајдер.

ГОЛ ПРОТИВ ШПАНИЈА ВИСТИНСКА РЕТКОСТ

На СП во Јужна Африка Холанѓаните беа предводени од Берт ван Марвијк, овојпат селектор е докажаниот Луис ван Гал кој на Мундијалот во Бразил понесе дузина млади играчи од домашниот шампионат. „Лалињата“ ќе треба силно да удрат против фаворитот доколку ја сакаат победата.

Да се постигне гол против Шпанија е речиси невозможно. На патот до триумфите на ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012 Шпанците одиграа 19 натпревари и примија само шест гола, а ниту еден во нокаут-фазата. Ниту една екипа на ова СП нема таков импресивен рекорд.

ХОЛАНЃАНИТЕ ВО СИНО ПРОТИВ ШПАНЦИТЕ

Холандските фудбалери на првиот меч на Мундијалот ќе ги носат резервните сини дресови, додека бранителот на титулата во комплетна бела опрема. Мечот се игра на стадионот „Фонте Нова“ во Салвадор.

ТРЕТПАТ ВАН ГАЛ ПРОТИВ ДЕЛ БОСКЕ

Селекторите Луис ван Гал и Висенте дел Боске по трет пат ќе се пресметаат еден против друг. Првиот нивен дуел беше во сезоната 1999/2000 во мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона. Ван Гал таа сезона ја водеше Барса, додека Дел Боске Реал Мадрид, а победи Реал со 3:0.

Следната средба им беше во сезоната 2002/03 кога Ван Гал се врати на клупата на Барселона, а Дел Боске сеуште беше тренер на Реал. Дуелот заврши 0:0.

11 години подоцна двајцата повторно се среќаваат но сега како селектори. Ван Гал ги предводи „лалињата“ додека Дел Боске е на чело на „црвената фурија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...