„Кариоките“ ставаат крај на колумбискиот сон

Домаќинот и еден од главните фаворити за трофејот на Мундијалот, репрезентацијата на Бразил вечерва го очекува уште еден голем предизвик во дуел против Колумбија во четврт-финалето. Тоа е меч на две јужноамерикански селекции, кои одлично се познаваат.

Бразил на своја страна ќе го има домашниот терен, искуството и традицијата, но затоа Колумбија е селекцијата што игра перфектно на турнирот, што значи дека тие се во подобра форма во моментов, а сигурно ќе имаат и голем мотив да испишат историска страница за нив со евентуална елиминација на домаќинот.

Бразил по шести пат во низа стигнува до четврт-финалето на Мундијалите, но за нив оваа фаза беше кобна на последните два собири. Сега се надеваат дека конечно ќе ја поминат и оваа пречка и ќе бидат меѓу најдобрите четири тима во светот.

НЕЈМАР Е ПОДГОТВЕН ЗА БИТКА

„Ќе играм против Колумбија. Не чувствувам никаква болка. Сите со нетрпение го очекуваме тој меч. Чиле и Колумбија се слични репрезентации. Ова ќе биде уште една голема војна. Ние мора да одиграме најдобро што знаеме од почеток, па сè до последниот свиреж. Тука сме за да играме до самиот крај на првенството“, рече Нејмар, кој даде комплименти и за првата ѕвезда на Колумбија, Џемјс Родригез.

Селекторот на „кариоките“, Луиз Фелипе Сколари, не премногу оптимистички го очекува овој дуел. Бразил не игра убедливо. Селекторот за овој меч нема да може да смета на суспендираниот дефанзивен играч за врска Луис Густаво, па затоа најави дека можеби ќе ја користи и тактиката со само тројца дефанзивци.

„На ова првенство видовме многу возбудливи и израмнети мечеви. Не е важно дали имате одвојувано титули или не. Сите репрезентации играат добро и победникот се решаваше по изведување на пенали, во продолженија или благодарение на една единствена грешка на една од екипите“, рече Сколари.

НАЈВАЖЕН МЕЧ ВО ФУДБАЛСКАТА ИСТОРИЈА

Тимот на Хозе Пекерман без поголеми проблеми ги доби сите четири меча на досегашниот дел од турнирот. Тимот досега го има вториот најдобар напад со 11 дадени гола, само еден помалку од Холандија. Со само два примени гола досега е на делба на најдобрата одбрана.

„Ова првенство е интересно, бидејќи тим во кој нема голема ѕвезда може да држи рамноправен баланс со екипа во која има големи фудбалски имиња. Ние имаме голем потенцијал и веруваме во нашите можности без разлика кој ќе ни биде противник“, рече Пекерман.

Колумбија на овој Мундијал допатува без првата ѕвезда во тимот Радамел Фалкао. Сепак, тоа засега и не се покажува како некој поголем проблем, бидејќи во составот го имаат Џејмс Родригез. Тој е единствениот играч кој постигнува барем по еден погодок на сите натпревари на Мундијалот и со пет гола е прв стрелец.

„Среќни сме што ја испишуваме историјата. Сепак, мислам дека нашата граница не е до тука. Овој тим има потенцијал и квалитет да оди уште подалеку на турнирот“, рече Родригез.

КОЛУМБИЈА 23 ГОДИНИ НЕМА ПОБЕДА НАД „КАРИОКИТЕ“

Досега имаат одиграно вкупно 25 натпревари. Бразил се радувал 15 пати, 8 меча завршиле нерешено додека само двапати подобра била Колумбија. Гол-разликата е 55-11 во корист на петкратниот светски првак. Колумбија последен пат победила пред точно 23 години, односно во јули 1991 година со 2:0 во рамките на Копа Америка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...