Започнува четвртфиналната рунд на Мундијалот

Со два натпревари денеска на Светското фудбалско првенство во Бразил започнува четврт-финалната рунда.

На легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро во првиот четвртфинален дуел ќе истрчаат фудбалерите на Франција и Германија.

Во единствената четвртфинална пресметка на Мундијалот во која ќе играат две европски селекции, „Триколорите“ влегуваат со максимален учинок од четири победи, без притоа да игра продолженија или да изведува пенали.

Селекцијата на Германија во пресрет на овој дуел се соочува со сериозни проблеми.

Во разговор за германското радио „АРД“, германскиот селектор Јоаким Лев откри дури седуммина фудбалери од неговиот состав моментално се болни од грип.

Средбата Франција – Германија ќе започне од 18 часот.

Во Форталеза, ќе се игра вториот четвртфинален меч во кој ќе играат Бразил и Колумбија.

Сигурно дека домаќинот на Мундијалот Бразил ќе ја има поддршката од трибините, но Колумбија е една од трите селекции на првенството која на сите четири средби славеше победа, а во своите редови го имаат и најдобриот стрелец на првенството Џејмс Родиригез кој досега постигна пет голови.

Средбата Бразил – Колумбија ќе започне од 22 часот.

Победниците од денешните четвртфинални средби ќе го формираат првиот полуфинален пар на СП, додека вториот ќе биде познат утревечер откако своите четвртфинални натпревари ќе ги одиграат, Аргентина – Белгија и Холандија - Коста Рика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...