Германскиот репрезентативец Матс Хумелс е многу блиску до доаѓање во Манчестер Јунајтед. Стоперот кој на Светското првенство во Бразил го покажа целиот свој потенцијал, според најавите до крајот на оваа недела ќе треба да го комплетира трансферот на „Олд Трафорд“.
Хумелс е еден од столбовите во одбраната на Борусија Дортмунд и докажан на стоперската позиција. „Милионерите“ во своите редови го доведоа Матијас Гинтер од Фрајбург, кој би требало да го замени испразнетото место во одбраната.
Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетни дефанзивци бидејќи англискиот гигант остана без речиси првата одбранбена линија. Од „Олд Трафорд“ летово си заминаа Немања Видиќ, Рио Фердинанд и Патрис Евра, па затоа е потребно да се најдат квалитетни фудбалери во дефанзивниот ред.