Маестро Крстев за историја

Чудата во фудбалот понекогаш се случуваат. Храбриот Металург отпатува во Сараево прежален, се очекуваше Железничар да се поигрува со нашиот тим. Можеби така и беше по водството од 2:0 за домашните, но потоа хероите на Срѓан Захариевси тргнаа на се или ништо и добија се. Добија историја. Добија супер успег во фудбалска Европа. Најпрво Радески во 62. минута намали на 2:1 а потоа Крстев со супер гол од слободен удар го расплака сето „Кошево“, израмни на 2:2 и донесе историја. Нема што, клубовите од Македонија и тоа како знаат како се игра против босанските.

АВТОГОЛ НА ДОДЕВСКИ ЗА „СИНА“ РАДОСТ

Железничар подобро го отвори овој реванш натпревар. „Сините“, додека Металург играше во бела опрема, уште од првиот свиреж на судијата Мервин Смит тргнаа во напад кон голот на Андреј Ефремов. Уште во 3. минута ја имаа и првата полушанса откако Јамак убаво центрираше од корнер. Металург, пак, беше ориентиран со засилена одбрана и засилен среден ред и се обидуваше преку контри и полуконтри да го изненади голманот Антоловиќ. Во 13. минута домашните ја имаа првата голема шанса за гол, но ударот на Станиќ ефектно го брани Ефремов. Тоа како да го наговести водството на Железничар. Имено, се играше 16. минута кога Бајиќ центрираше пред голот на гостите, тука топката несреќно го удри Додевски и заврши во мрежата на Металург за еуфорија на стадионот на „Кошево“ или по ново „Асим Ферхатовиќ – Хасе“ во Сараево. По примениот гол Металург како да се отвори, имаше убава шанса за израмнување, но „бомбата“ на Крстев од далечина голманот Антоловиќ прекрасно ја исфрли во корнер.

БАЈИЌ ЗГОЛЕМУВА, СИМОНОВСКИ НЕ РЕАЛИЗИРА ПЕНАЛ

И на стартот на второто полувреме Жељо доминира, се редат акциите на половината на гостите а по една таква во 54. минута дојде и вториот гол за „сините“. Следуваше убава акција на Јамак, која со гол ја заврши Бајиќ за 2:0. Во 56. минута Металург имаше прекрасна шанса да го намали водството на домашните. Имено, Квесиќ играше со рака во својот казнет простор, а за судијата Мервин Смит немаше дилеми, веднаш покажа на белата точка. Но Марко Симоновски не успеа да погоди, тој го утна целиот гол. Штета, навистина штета. Особено ако се знае дека во 62. минута Радески намалува на 2:1, откако претходно Ѓорѓиовски убаво го проигра. Да кажеме дека две минути претходно Стојановски ја затресе мрежата на Антоловуиќ, но голот беше поништен поради офсајд ситуација.

ЗАВРШНА ОФАНЗИВА НА „ЖЕЛЕЗАРЦИТЕ“

По намалувањето на водството со голот на Радески Металург тргна на се или ништо. Особено „железарците“ заиграа далеку поофанзивно во последните 15. минути од средбата. Во тие моменти Марко Симоновски во таа 84. миниута имаше супер шанса за гол, за израмнување, за пласман понатаму. Но неговиот шут од само неколку метри заврши директно во голманот Антоловиќ. Но затоа неговата грешка ја поправи а кој друг ако не Миле Крстев со прекрасне погодок од слободен удар од околу 16 метри за 2:2. Гол за паметење, гол за историја, гол за пласман во следната рунда. До крајот Жељо преку Турковиќ во 94. минута имаа шанса но Ефремов брани и носи голема радост на своите играчи. Потоа судијата Мервин Смит означи крај на мечот. Реми за историја на „железарците“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...