Му треба ли Родригез на „крaлскиот клуб“?

Играчот кој блесна на Светското првенство во Бразил, Џејмс Родригез во новата сезона ќе го носи дресот на актуелниот европски првак Реал Мадрид. Колумбискиот репрезентативец го покажа целиот свој сјај на Мундијалот. Беше лидер на својата селекција во историскиот успех, пласманот во четвртфиналето. Со шесте постигнати голови го доби приматот и најдобар стрелец, а ФИФА реши да му ја даде и наградата за најубав гол на шампионатот. Сите овие факти беа доволни Реал да го посака во својот тим, а најчесто играчот кој „кралевите“ го посакуваат, на крајот и го добиваат.

ПО СП 2002 ДОЈДЕ РОНАЛДО, ВО 2006 ПОТПИШАА СО КАНАВАРО, А ВО 2010 СО ОЗИЛ

Ова не е прв пат Реал да доведе играч кој блеснал на Мундијал. Тоа веќе им станува практика. Во 2002 година тоа го направи со Бразилецот Роналдо. Тогаш на турнирот во Јапонија и Јужна Кореја Роналдо даде осум погодоци и беше прв стрелец, што беше знак дека Реал мора да го купи. Слична беше ситуацијата и по СП 2006 година. Тогаш Италија стана светски првак, а еден од најзаслужните за тој успех беше капитенот Фабио Канаваро. Дефанзивецот кој беше прогласен за најдобар фудбалер во светот таа година, веднаш по Мундијалот потпиша со Реал Мадрид.

Пред четири години на планетарниот собир во Јужна Африка, Германија го освои третото место, а Месут Озил беше еден од лидерите во тимот на „панцерите“. Затоа тимот од „Сантијаго Бернабеу“ реши да го доведе во составот. Сега и по турнирот во Бразил, десеткратниот европски првак ја продолжува истата традиција. Да го купи играчот кој ќе блесне на најважниот репрезентативен собир. Родригез е новото име во тимот на најтрофејниот шпански клуб.

АНЧЕЛОТИ ТРЕБА ДА ЈА МЕНУВА ФОРМАЦИЈАТА

Сепак, околу доведувањето на Родригез се поставија многу дилеми дали на Реал во моментов му е потребен фудбалер од калибарот на Родригез. Тој е офанзивен играч за врска, позиција на која реал има многу квалитетни играчи.

Тренерот Карло Анчелоти преферира формација 4-3-3 во која Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин се задолжени за офанзивниот дел. Со доаѓањето на Родригез, Анчелоти ќе треба да најде место во тимот и за Колумбиецот, бидејќи нелогично би било толку скапо засилување да седи на клупата за резерви.

Италијанскиот стратег би требало да прави промена на формацијата во 4-2-3-1, која на почетокот на минатата сезона не се покажа како баш најидеално решение за тимот. Во таа формација Родригез би играл заедно со Роналдо и Бејл како поддршка за Игуаин, кој би бил најистурен во нападот.

ЌЕ СЕ ОСЛАБНЕ ОДБРАНАТА

Сепак, во таа формација многу веројатно е дека Сами Кедира ќе заврши на клупата за резерви, што автоматски ќе значи и ослабување на квалитетот во одбранбените задачи. На средината на теренот, како деструктивец ќе остане само 32-годишниот Чаби Алонсо, кој тешко дека ќе може да стигне секаде да покрие. Во средината би играл и Тони Крос, кој летово го засили Реал. Германецот може да игра и како дефанзивен играч за врска, но не може тоа да го прави како што би го правел Кедира. Крос многу повеќе сака да игра на позицијата на која би играл Родригез.

ТРЕБА ДА СЕ ЗАПАЗИ И ФИНАНСИСКИОТ ФЕР-ПЛЕЈ

Доколку се смени формацијата, може да се очекува Реал најчесто да се брани со напад и офанзива бидејќи во составот ќе има неверојатно атрактивни и креативни играчи кои сакаат да ги тресат противничките мрежи.

Со доаѓањето на Родригез, Реал речиси сигурно ќе треба да ги продаде Анхел ди Марија и Иско бидејќи новите закони на ФИФА не дозволуваат прекумерно трошење на пари за нови засилувања. Реал има приходи на своето конто, но, сепак, сигурно е дека ќе мора да се „ослободи“ од некој од сегашните играчи што ги има.

МАДРИЃАНИ САКААТ ДА ГО ЗАДРЖАТ ИМИЏОТ

Според сите анализи и претпоставки, Реал и без Родригез во тимот, има квалитетен среден офанзивен ред, но сепак „кралскиот клуб“ сака да го задржи својот имиџ и да ги носи најквалитетните фудбалери во својот тим. Доаѓањето на Родригез сигурно ќе биде исплатено и само од маркетинг делот и продажбата на дресовите, но, сепак, најважно е Колумбиецот на терен да покаже дека вреди за енормната сума која најтрофејниот шапснки клуб ја плати за негово доаѓање во Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...