Хумелс и Ројз остануваат во Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, категорично ја отфрли можноста клубот да се раздели со големите ѕвезди Матс Хумелс и Марко Ројз, кои се поврзувани со речиси сите европски гиганти. Англиските медиуми објавија дека Хумелс одбил понуда на Барселона, затоа што сака да игра за Манчестер Јунајтед, но и дека наскоро трансферот ќе биде реализиран за сума од 20 милиони евра.

„Нема ни минимален знак дека Матс Хумелс и Марко Ројз сакаат да го напуштат клубот. Двајцата со сигурност ќе играат во Борусија Дортмунд во новата сезона“, изјави Клоп.

„Слушам Хумелс ќе одел во Манчестер за 20 милиони евра. За таа сума нема шанси да го пуштиме“, додаде германскиот тренер.

Ројз беше поврзуван со Барселона, Реал Мадрид, Челзи и покрај повредата која ја заработи пред почетокот на Светското првенство. Засега Дортмунд не планира да го ослободи својот најдобар напаѓач во моментов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...