Адвокат стана селектор на Србија

Холандскиот фудбалски стручњак Дик Адвокат ќе биде новиот селектор на српската фудбалска репрезентација. Договорот ќе биде потпишан во наредните денови, а истиот ќе биде на две години. Адвокат ја исполни желбата и повторно ќе биде селектор откако претходно го раскина договорот со АЗ Алкмар.

„Не сакам да работам во клуб туку со репрезентација и еве ми се исполни желбата. Имав контакти со јужноафриканската република, но не се договоривме. Фудбалскиот сојуз на Србија ја презеде иницијативата и беше конкретна. Србија има добра репрезентација и сега можеме да се концентрираме на квалификациите за Европското првенство“, изјави Адвокат.

Холанѓанецот на позицијата ќе го замени Љубинко Друловиќ, кој беше привремен селектор по заминувањето на Синиша Михајловиќ.

ВТОР СТРАНСКИ СЕЛЕКТОР

Дик Адвокат ќе биде втор странски селектор по отцепувањето на Србија од СФРЈ. Претходно од 2006 до 2007 на клупата беше Шпанецот Хавиер Клементе, кој го предводеше тимот на 16 натпревари со скор од седум победи, седум реми и два порази. Адвокат има задача да го однесе тимот на Европското првенство во Франција во 2016 година. Србија е во најтешката квалификациска група во друштво на Португалија, Данска, Ерменија и Албанија.

ТРЕНИРАШЕ ПЕТ РАЗЛИЧНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

Адвокат тренерската кариера ја почна како асистент на селекторот Ринус Михелс во холандската репрезентација во периодите од 1984 до 1987 и од 1990 до 1992 година. По заминувањето на Михелс, станува селектор на Холандија и во дебито доживеа два порази (Италија и Норвешка) и покрај слабиот старт успеа да ја квалификува репрезентацијата на Светското првенство во САД и на шампионатот да стигне до четвртфиналето. По Мундијалот ја напушта селекторската фотелја, а на истата се врати осум години подоцна за квалификацискиот циклус за ЕП 2004 година. На првенството во Португалија стигна до полуфинале.

Во јули 2005 година потпиша договор со Обединетите Арапски Емирати, но по четири месеци ја напушти позицијата за да стане селектор на Јужна Кореја. На Мундијалот во Германија не успеа да го однесе тимот до осминафиналето по што поднесе оставка. Потоа една година беше селектор на Белгија, а две на Русија, но без успех.

На клупски план работеше во ПСВ, Зенит, АЗ, Глазгов Ренџерс и Борусија Менхенгладбах.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...