Четири кобни минути на „Сонера“

Работнички е елиминиран уште во воведната квалификациска рунда за Лигата на шампиони. Хелсинки заслужено го совлада македонскиот првак со 2:1, што воедно е вкупен резултат во двомечот по ремито без голови во Скопје на 15 јули. Одлучувачки притоа беа четири минути вчера попладне на „Сонера“. Финците во тој временски интервал погодија двапати. Лод реализира во 22. минута за 1:0, Морен во 26 за 2:0, единствениот за тимот од Градски парк беше дело на Штефан Вујчиќ во 46. минута. По тој момент, „црвените“ имаа три прилики за израмнување. Двапати Чума и еднаш Аврамовски, но втор гол не дочекаа да прослават. Но, како што можеше да биде 2:2, можеше да биде и 3:1, 4:1, па и 5:1 за лидерот во Веикауслига. Шишковски „фати“ два зицера во второто полувреме, Лод погоди пречка. Со ова продолжува и проклетството на нашите претставници во шампионската лига на УЕФА. Осма сезона

Ангелловски почна со 4-3-3

Македонскиот шампион покажа дека нема намера да мисли претежно на сопствениот гол тулу и на противничкиот. Таква порака испрати Игор Ангеловски со почетниот состав и формација на теренот. Без Чума и Аврамовски, а со Тодоровски и Велковски овојпат, наместени како 4-3-3. Поклопување со првиот натпревар имаше единствено во дефанзивната четворка. Силјановски и Милушев делуваа по страничните позиции, Илиевски и Најдоски на централните. Зад нив и синоќа беше Шишковски. Тројката на средината ја сочинуваа Петровиќ, Вујчиќ и Велковски, напаѓачката, пак, Тодоровски, Марковски и Сулејманов.

Одличен вовед, па застој

Работнички добро почна. Воведот ветуваше. Во натпреварот се влезе растоварено, без притисок и нервоза. Ниту ја чувствуваа врз себе гостите, ниту, пак, ја правеа домашните, па контролата врз ситуацијата на теренот беше брзо воспоставена „црвените“ од Градски парк. Дури и поседот на топката беше на страна на нашиот првак, период од средбата во кој гостите од Македонија, не се заканија кон Торнес, но не дозволија и закана за Шишковски. И така беше до 20. минута.

Шокови од 22. минута до 26.

И од навидум добра ситуација, се случија шокантни четири минути за Работнички во средината на првото полувреме. Хелсинки беше во акција по десната страна. Себастијан Сорса успеа да протури топка по земја во шеснаесетникот на „црвените“, на неа налета Робин Лод кој биеше неодбранливо. Вина за примениот гол оди кај играчите што беа задолжени за чување на тој дел од теренот. Врз асистентот на погодокот не стартуваше никој, а мораше, па и слободното додавање во зоната на удар заврши со егзекуција. Сè уште не соземени од примениот гол, Хелсинки прослави уште еден. Ако првиот беше од игра, вториот дојде од прекин, на што беше особено упатено да се внимава. Алхо изведе корнер од десната страна, нафрли во казнениот простор. Шишковски тргна во пресрет на топката, но се поколеба, веројатно правејќи проценка дека е далеку. Стоперот Морен беше највисок во скокот, биеше со глава и по вторпат ги принуди гостите да тргнат од центарот. До крајот на полувремето не видовме ништо сериозно и конкретно на обете страни. И покрај најавите и укажувањата, Работнички, сепак, ја дочека паузата за одмор со само удар кон голот. Се обиде Дарко Велковски, Торнес не дозволи да биде совладан.

Враќање на надежта

Продолжението на натпреварот најави неизвносност. Работнички успеа да намали веднаш по излегување на терен. Стрелец на погодокот беше Штефан Вујчиќ, кој шутираше од 20 метри при што слабо интервенираше домашниот голман. Намалувањето на водството донесе надеж дека избегнување на елиминацијата е можна со реми. Три минути подоцна се обиде и Чума Анене. Биеше по средината на голот пришто Торнес одбрани. Меѓутоа, и Хелсинки имаа шанса експресно да се вратат на плус 2. Во главната улога се најде Канџи. Беше побрз од Петровиќ во уфрлената топка за контра, го мина и Шишковски. Отиде, сепак, премногу десно, голманот на Работнички затвори, стигна во меѓувреме и Петровиќ, па Сенегалецот го погоди само надворешниот дел од мрежата. Минута по него проектил „испали“ и Лод, момент во кој пречката беше сојузник на Работнички. Шишковски одбрани зицер во 55. минута, како и во 83. минута кога шутираше Шулер.

Болни воздишки по мечот

Болни воздишки по мечот мечот во автобусот во кој се возеа играчите на Работнички. Молчешкум мина петминутното враќање во хотелот. На нивните лица беше евидентно незадоволство и тага по конеќниот резултат на двомечот со финскиот шампион чии фудбалери заслужено се пробија во наредната рунда во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...