Марчело Липи не го доби Пандев

Медиумите во Италија објавуваат дека поради бирократски проблеми екипата на Гуангжу од Кина не успеала да го добие потписот на Горан Пандев од Наполи. Кинезите, на чија клупа е славниот Марчело Липи, имале астрономска понуда за услугите на нашиот најдобар фудбалер, но проблемите настанале откако не успеале навреме да направат слободно место за нов странец во тимот.

„Јас сум во Наполи и имам договор со оваа екипа на уште една година. Тренирам со екипата, играм тест натпревари... Ако има нешто ниво тоа ќе биде во последните денови од преодниот рок“, ни истакна Горан Пандев во неделата кога го прослави 31. роденден.

За услугите на Горан Пандев најзагреани се од Фиорентина, кои чекаат на милост од Наполи, кој треба да ја намали сумата за отштета кога треба да се плати за слободата на фудбалерот.

Бенитез: Пандев е голем играч

Дека Горан Пандев не е оптоварен со трансфер по секоја цена говори и изјавата на тренерот Рафа Бенитез. Шпанецот вчера на прес-конференција одговорил директно за иднината на Пандев.

“Горан Пандев е голем играч. Неговите квалитети не се спорни. Сепак, преодниот рок сè уште трае и не би било ништо чудно ако остане со нас. Има и други екипи со 4-5 напаѓачи во составот. Сезоната е долга...“, е изјавата на Бенитез поврзана за Пандев.

За Пандев настанаа проблеми по ангажманот на Мичу од Свонси, но последните вести говорат дека Каљехон се скарал со Бенитез и побарал да си замине од екипата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...