Пандев бара тригодишен договор од Милан

Ако италијанските медиуми ја квалификуваат конекцијата со Горан Пандев и Милан која е воспоставена во последните 24 часа како не само шпекулација туку сериозна иформација тогаш станува јасно дека нашиот најдобар фудбалер во моментов е многу блиску до преселба во таборот на „росонерите“. Милан, односно првиот оперативец Галијани, како и тренерот Инзаги сериозно размислуваат за засилување во навалните редови, а изборот очигледно паднал на нашиот интернационалец. Милан во моментов не е во најсјајна финансиска ситуација па доколку сака да го обезбеди Пандев ќе мора сериозно да поработи на обезбедување на средства.

Наполи во монентов бара седум милиони ерва одштета за Пандев, а тој има договор до 2015 година. За струмичанецот да пристигне во Милано, потребно е да се подмират неговите барања, а тоа секако е потпис на договор во времетраење од три години. Тоа е условот на Пандев кој со оглед на неговите 31 година во моментов цели на уште еден солиден договор.

Како што е добро познато, Пандев своевремено беше дел од лутиот градски ривал на Милан, екипата на Интер со која ги оствари најголемите успеси во кариерата на клупски план. Летово околу неговата иднина се вртеа многу приказни, но очигледно оваа е најреалната и најверојатната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...