„Азно“ за Пандев од Галатасарај

*Нашиот најдобар фудбалер речиси е пред трансфер во Турција. Горан Пандев потпишува договор на три години со тимот од Истанбул

Понуда која не се одбива доби Горан Пандев од Галатасарај. Македонецот е пред трансфер во трофејниот клуб од Турција каде заминува како големо засилување пред стартот на новата сезона и настапите во Лигата на шампионите. Договор на 3 години, годишна плата од 3.000.000 милиони евра и отштета од 7.000.000 евра за Наполи. Турците даваат „азно“ за да го обединат шампионскиот тандем на Мурињо од времето кога славниот тренер со Интер направи „лом“ пред 4 сезони и ги собра сите можни клупски пехари. Снајдер-Пандев повторно заедно, а на клупата Чезаре Прандели, довчерашниот селектор на Италија.

Дека Пандев е пред трансфер во Турција говори и податокот дека тој веќе три дена не е со Наполи на подготовките. Има ситна повреда, дојде кратко во Струмица, но имал и преговори со менаџерите и претставниците на клубот од Истанбул.

Парите на Галатасарај се пред сите понуди и комбинации за Пандев ова лето. Милан сериозно „напаѓа“ но нуди договор на една година, а Пандев инсистира да замине во клуб каде би останал на подолго. Затоа фудбалерот и менаџерите не инсистираа на трансфер и најавуваа дека постојат големи шанси да се одработи договорот со Наполи, кој истекува во јуни 2015 година а потоа како слободен игран нашиот голгетер да замине во нова клупска средина. Според тоа како стојат работите во наредните 10 дена ќе се знаат сите детали поврзани за Пандев и дилемите околу тоа каде тој ќе настапува во новата сезона. Галатасарај сега е во преден план.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...