Сити да му покаже на Ливерпул кој е шампион

Второто коло во англиската Премиер-лига ќе се комплетира со супердербито кое се игра во Манчестер меѓу Сити и Ливерпул. Тоа е дуел на шампионот против тимот кој минатата сезона заврши како второпласиран во шампионатот. Во мај оваа година „граѓаните“ беа тие што се радуваа на трофејот, додека Ливерпул остана да сонува дека по пауза од повеќе од две децении може да стигне до трофејот.

Манчестер Сити е без пораз на последните пет средби против Ливерпул на домашен терен. Домаќинот има три победи и две нерешени дуели. Шампионот верува дека оваа традиција ќе продолжи и дека вечерва ќе се радува на трите бода. Ливерпул тука се нема радувано од октомври 2008 година.

СИТЕ Е НЕПОДРЕШЛИВ НА СВОЈ ТЕРЕН

Тренерот Мануел Пелегрини и на овој меч, најверојатно, нема да може да смета на Серхио Агуеро во стартниот тим. Според последните информации Аргентинецот се уште не е доволно подготвен да одигра 90 минути, па затоа најверојатно во стартниот тим во нападот друштво на един џеко повторно ќе му прави Јоветиќ. Овој напаѓачки тандем се покажа како добитен на премиерниот дуел, бидејќи Сити славеше на гостувањето кај Њукасл. Босанскиот репрезентативец е во одлична форма, бидејќи на последните пет меча има биланс од пет погодоци и една асистенција.

Минатата сезона една од главните причини што сити стигна до пехарот беше токму одличните настапи пред своите навивачи. „Граѓаните“ минатата сезона ја завршија со биланс од 17 победи, само едно реми и еден пораз. Токму бодовите од домашниот терен беа клучни за Сити на крај да се радуваат. Пред своите навивачи во тие 19 меча, сити даде дури 63 погодоци, што е просек од 3,3 по меч. Затоа и може да се очекува отворен фудбал со многу погодоци.

ЛИВЕРПУЛ ЌЕ ИГРА ОФАНЗИВНО

Ливерпул е тим кој негува напаѓачки и отворен фудбал. На 28 од последните 29 лигашки мечеви барем еднаш ја треселе противничката мрежа. Сега во тимот го нема Луис Суарез, но тимот од „Енфилд Роуд“ покажа дека и без Уругваецот може одлично да функционира во офанзивниот дел. Даниел стариџ кој сега ја има улогата на прв голгетер, во календарската 2014 година е најдобар стрелец во Премиерлигата со 14 голови.

Минатата сезона „црвените“ сами беа виновни што му дозволија на Сити да им се доближи, а на крајот и да им ја „украде“ титулата. Сега тие сакаат токму на теренот на големиот ривал да докажат дека и сезонава имаат состав кој е со потенцијал да стигне до трофејот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...