Монако тргна по Пандев

Уште само неколку дена останаа од крајот на трансфер преодниот рок, а тоа значи дека во следните часови ќе се знае и следната дестинација на Горан Пандев. На неговата сага никако да биде ставен крај, па така сега во трката за него сериозно се вклучи и екипата на Монако. Тоа значи дека Милан ќе има сериозна конкуренција во обидот да дојде до потписот на најдобриот македонски фудбалер.

Откако стана јасно дека нема да остане на Наполи со оглед дека Рафаел Бенитез не смета на него за натпреварите од Лигата на шампионите, се засили интересот, а Милан има испратено понуда која првично беше одбиена од страна на македонскиот интернационалец со оглед дека платата е мала. За две години во Милан би требало да заработи приближно исто колку за една сезона во Наполи.

ДОГОВОР НА ТРИ ГОДИНИ И 2.5 МИЛИОНИ ПО СЕЗОНА

Во моментов Пандев во Наполи заработува околу 2.5 милиони евра. Тоа е сумата која и Монако е подготвен да ја понуди за тригодишен договор на Македонецот за преселба во француското кнежевство. На Монако му е потребен напаѓач, и сега треба само да се види официјалната понуда од тимот, кому не му е првпат да се интересира за услугите на Македонецот. Сепак, Монако ќе има конкуренција во Милан кој никако не се откажува од Пандев и силно го посакува во своите редови. Но, „росоњерите“ ако сакаат да го имаат во своите редови, ќе мораат да ја покачат понудата односно платата. Во моментов тимот од Милано нуди годишна плата од 1.5 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...