Анхел не беше ценет во Реал

Аргентинецот Анхел ди Марија продолжува со седумката во Манчестер Јунајтед, а играчот се збогуваше со фановите на Реал Мадрид со писмо во кое ја објасни причината за заминувањето.

Покрај писмото во јавноста има и изјави од неговиот татко кој вели дека во Реал Мадрид не знаеле да го ценат неговиот син.

„Анхел не беше воопшто ценет во Реал Мадрид. Таму го третираа како вишок. Тој не се чувствуваше дека е посакуван во клубот. Едноставно никогаш не доби топол однос од никого во Реал Мадрид. Тој секогаш се бореше за своето место, а таму, пак, постојано купуваа фудбалери кои го вадеа од составот бидејќи мораа да играат за да се оправдаат парите. Таков беше случајот со Герет Бејл. Мојот син се замори да се докажува и да се бори. Тој веќе има покажано сè и затоа едноставно мораше да најде клуб каде што ќе игра“, вели Мигел ди Марија.

Тој воедно дополни и за парите кои ги добиваше во Реал Мадрид.

„Во овој клуб никогаш не му понудија шест милиони евра по сезона. Последната понуда беше во износ од пет милиони. Тоа беше за 1,5 милиони повеќе од она што претходно го добиваше. Реал загуби многу бидејќи остана без играч кој во секој момент може да донесе победа во натпревар“, вели Мигел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...