Време е да почне борбата за место во Франција

Националните европски селекции повторно се на собир. Причина за најдобрите фудбалери во своите земји повторно да се соберат на едно место е стартот на квалификациите за Европското првенство кое во 2016 година ќе се игра во Франција. Вкупно 53 селекции од „стариот континент“ ќе влезат во трката за пласман на завршницата. За првпат во историјата на Евро шампионатите на завршницата ќе има место за најдобрите 24 репрезентации, а не како што беше досега кога учествуваа само 16 национални тимови. Единствен сигурен учесник е домаќинот Франција, која автоматски си обезбеди место меѓу најдобрите и воопшто нема да биде дел од двегодишната борба.


СТАРТОТ Е НА 7 СЕПТЕМВРИ

Квалификациите за Европското првенство ќе стартуваат на 7 септември кога се закажани првите дуели од деветте групи. Трката за влез на завршницата ќе трае до 17 ноември 2015 следната година, кога треба да се стави крај на квалификацискиот циклус и да бидат познати сите 24 репрезентации, кои ќе добијат „виза“ за патување во Франција.

ЗА ПРВПАТ ШАНСА ЌЕ ДОБИЈАТ И ТРЕТИТЕ ВО ГРУПАТА

Сите репрезентации се поделени вкупно во девет групи. Во осум групи има по шест селекции, додека во последната група се наоѓаат само пет национални тимови. Поради зголемиот број учесници за завршницата, за првпат ќе се случи директен пласман на ЕП да обезбедат двете првопласирани од секоја група. На завршницата ќе се најде и најдобро третопласираната. Останатите осум селекции кои ќе бидат на третото место во својата група ќе играат во бараж дуелите. По тие двомечи треба да бидат познати последните четири патници на завршницата во Франција.

Со тоа што се зголемува бројот на патниците на завршницата, речиси е јасно дека ниту еден од фаворитите не смее да си дозволи кикс и да го пропушти собирот. Сепак, зголемувањето на вкупниот број учесници значи и шанса на послаборангираните селекции, на оние просечни кои многу често се блиску до завршницата, но не успевале да бидат таму поради лимитираниот број на учесници.

КАКО ЗАГРЕВАЊЕ СЕ ИГРААТ ПРИЈАТЕЛСКИ

Во пресрет на дуелите од квалификациите голем дел од репрезентациите ќе одиграат контролни дуели. Сите тие дуели се закажани за в среда и в четврток. Најатрактивен ќе биде дуелот на финалистите од Светското првенство во Бразил. Германија ќе игра против Аргентина. Овој меч беше закажан уште пред да се знае дека тие две селекции ќе се најдат во финалето на планетарниот собир. Сега двете репрезентации првиот меч по Мундијалот во Бразил ќе го играат повторно еден против друг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...