Пирло ќе остане да игра за Италија

Легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло ќе остане дел од репрезентативниот состав на „аѕурите“ и во квалификациите за пласман на следното големо натпреварување, Европското првенство кое за две години ќе се игра во Франција. Тоа, најверојатно, значи дека 35-годишниот ветеран, во следните две години не планира да се откаже од националниот дрес.

ВЕЌЕ 12 ГОДИНИ Е „МОЗОК“ НА ТИМОТ

Пирло, кој е „мозокот“ на средината од теренот, репрезентативниот дрес на Италија го носи во изминативе 12 години. Откако во 2002 година за првпат се најде во составот, еве повеќе од една деценија тој е неизбежен дел од најдобрите фудбалери во Италија. Досега одигра вкупно 112 натпревари, а има постигнато 13 голови. Сепак, неговата главна задача не е да дава голови, туку да ја креира играта и да создава шанси на напаѓачите.

По завршувањето на Светското првенство во Бразил, Пирло најави дека тоа, најверојатно, ќе биде и негово последно носење на националниот дрес. Сепак, откако на селекторската клупа седна Антонио Конте, се вратија надежите дека Пирло ќе остане во репрезентацијата. Конте му беше тренер на Пирло во изминативе три години во Јувентус и многу добро го познава и знае колку е важна неговата улога во составот.

КОНТЕ ДОБИЛ ПОЗИТИВЕН ОДГОВОР

Откако беше назначен за селектор, Конте има директни разговори со Пирло и предводникот на националниот тим е уверен дека ќе го има ветеранот на располагање. „Сакам да бидам сигурен дека тој уште го има истиот ентузијазам во играта. Тој е вистински воин. Кога разговаравме, Андреа ми кажа дека е слободен, а тоа е доволно за мене да знам дека може да остане во репрезентацијата“, открива Конте.


ПОРАДИ ПОВРЕДА ГО ПРОПУШТА ПРВИОТ МЕЧ

На првиот список на репрезентативци за настап во воведниот меч против Норвешка на гости, го немаше името на Пирло. Сепак, тоа не е бидејќи тој е пензиониран туку поради повредата која ја има ветеранот. Во подготвителниот период Пирло заработи повреда на бутниот мускул на ногата, а лекарите му дијагностицираа мирување од 30 дена. Тоа значи дека Пирло нема да биде во репрезентацијата за првиот дуел од квалификациите кој Италија го игра на 9 септември во Норвешка. Ќе биде во аут и за пријателскиот меч против Холандија, кој се игра на 4 септември. Пирло го пропушти и стартот на италијанската Серија А, а негово враќање на теренот се очекува во втората поливина на овој месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...