Роналдо се подготвува за заминување

Иако сезоната само што почна во таборот на Реал Мадрид работите пукнаа по само два порази. По коментарите на Кристијано Роналдо за трансферната политика во клубот се огласи и претседателот Флорентино Перез, кој им стави до знаење на сите дека не се тие што одлучуваат кој доаѓа, а кој си заминува од екипата.

Сето ова беше причина за нови коментари на Роналдо, па медиумите од Шпанија веќе почнаа да информираат дека Португалецот сака да си замине и да го напушти таборот на Реал Мадрид. Иако вакво нешто се зборуваше и минатата година, сепак, се чини дека сега работите се многу полоши и дефинитивно Роналдо си подготвува терен за заминување можеби уште во јануарскиот преоден рок.

„Го сакам Манчестер Јунајтед. Ова го знае секој, а досега многупати сум го кажувал. Манчестер Јунајтед е клубот кој е во моето срце. Таму оставив многу пријатели, а навивачите се неверојатни. Јас сум среќен во Реал и имам четиригодишен договор, но никогаш не знаеш што ќе се случи во иднина“, вели Роналдо.

МАНЧЕСТЕР Е СИЛЕН

На Роналдо не му се допадна тоа што Реал го пушти Анхел ди Марија, а не го ангажираше и Радамел Фалкао. Токму тие беа и причината што ја критикуваше политиката за трансфери во клубот.

„Сигурен сум дека со Ди Марија и со Фалкао, Манчестер одново ќе има неверојатно силна екипа. Тој клуб заслужува многу повеќе и ќе бидам среќен за новите победи“, дополни Роналдо.

ПЕРЕЗ Е НАЛУТЕН

Овие изјави сигурно нема да му се допаднат на Флорентино Перез. Тоа може да биде причина за да попушти и да одлучи да го продаде Роналдо можеби уште во јануарскиот преоден рок или, пак, следното лето. Сигурно нема да сака да има во тимот играч кој ќе сака да се постави на клубот.

Со оглед на тоа што Перез неколкупати изјави дека никој не може да биде над клубот сосема извесно е дека допрва следуваат возбудувања во таборот на „кралевите“. Без разлика што се работи за Роналдо, Перез сигурно ќе има што да каже и нема да дозволи никој да ја влошува атмосферата.

Што ќе се случува во иднина, веројатно, ќе зависи и од резултатите кои ќе бидат постигнувани. Се случи ли Реал Мадрид да претрпи уште некој пораз како оној против Сосиедад, тогаш сигурно ќе има преземање на други мерки и работите ќе бидат многу полоши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...