Лондон и Вембли домаќини на финалето на ЕП 2020 година

На денешната свечена церемонија во Женева претседателот на УЕФА Мишел Платини објави дека УЕФА донесе одлука завршницата на Европското првенство 2020 година да се одржи во Лондон. Финалниот натпревар, како и двата полуфинални ќе се одиграат на стадионот Вембли.

Ова ќе биде првпат Европското првенство да се одржува во 13 градови во Европа. Според тоа четвртфиналните натпревари ќе се играат во: Баку, Санкт Петербург, Минхен и Рим, а во овие градови ќе се играат и по три натпревари од групната фаза.

Градовите: Копенхаген, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Брисел и Глазгов ќе бидат домаќини на три натпревари од групната фаза и на осминафиналните дуели.

Меѓу кандидатите за организација беше и Скопје со Националната Арена „Филип Втори“, но главниот град на Македонија заедно со градовите: Софија, Ерусалим, Стокхолм, Кардиф и Минск не добија можност да бидат организатори.

Шампионатот во 2020 година ќе се игра под мотото „Европа за Европа“ по повод 60 години од првото Европско првенство што ќе се слави таа година. Сите членки на УЕФА ќе играат во квалификациите, а ниту една нема загарантирано учество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...