СТРАТЕГОТ НА АТЛЕТИКО МАДРИД ПОЧНА СО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ЈУБИЛЕИ И СО НОСЕЊЕ ТРОФЕИ

1000 денови на Диего Симеоне

* На 23 декември ќе наполни три години од својот престој во тимот на Атлетико Мадрид

* Во период од 1000 денови Симеоне донесе пет титули за клубот

* По 18 години му донесе круна во Примера


Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги заслужи сите почести во последните неколку денови, особено поради фактот што успеа да комплетира 1000 денови на клупата на тимот кој е актуелен шампион на Шпанија. Го препознаваат и по прекарот „Чоло“, а она што тој го направи со Атлетико ретко кому досега му успеало.

Практично успеа да го препороди составот од Мадрид, па од дното да го однесе до врвот.

ДОЈДЕ КАКО ЗАМЕНА ЗА МАНЦАНО

Симеоне дојде во Атлетико Мадрид на 23 декември во 2011 година откако во истата година седеше и на клупите на Катанија (Италија) и Расинг (Аргентина). Во Атлетико Мадрид играше во два периоди од својата кариера и остави голема трага во клубот. Првпат тоа беше од 1994 до 1997 година, а потоа и од 2003 до 2005 година. Одигра околу 130 средби, па затоа кога Манцано тргна лошо во 2011 година раководството се реши за Симеоне.

Како тренер имаше неколку обиди со Расинг, Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија. Во Атлетико дојде од Расинг, а резултатите кои следеа беа неверојатни.

ПРВО, ПА ЛИГА ЕВРОПА

Иако презеде тим кој имаше сериозни проблеми во Примера, сепак, успеа да направи стабилен состав кој може да игра против секого. Во првата сезона го однесе тимот до 5. позиција во Ла Лига, но затоа успеа да се избори за место во финалето во Лигата на Европа.

На средбата во Букурешт против Атлетик Билбао за тимот на Атлетико Мадрид немаше никаков проблем за Симеоне и момците. Победата од 3:0 го промовираше во тренер за големи работи.

ВО СУПЕР КУПОТ ГО СРЕДИ ЧЕЛЗИ

Само неколку месеци по трофејот во Лигата на Европа следеше нов меч за титула. Во него составот на Атлетико Мадрид играше против Челзи. Радамел Фалкао постигна хет-трик, а на тој начин му овозможи на Симеоне во краток период да дојде до втора титула.

Атлетико Мадрид го совлада Челзи со 4:1 и покажа дека стартува периодот во кој ќе има уште трофеи.

ТРОФЕЈ ВО КУПОТ НА ШПАНИЈА

Диего Симеоне успеа да го остави Жозе Мурињо без круна во сезоната 2012/13 откако во финалето од Купот на Шпанија следеше победа за Атлетико.

По 90 минути на таа средба резултатот беше 1:1, а потоа следуваше пеколен ритам во кој составот на Атлетико имаше повеќе од играта. Со голот на Миранда во 99. минута Атлетико се избори за победа против Реал, па Симеоне додаде уште една нова круна во ново натпреварување.

Истата сезона го однесе Атлетико Мадрид до 3. место во Примера, а тоа беше најдобар пласман за тимот по двојната круна во 1996 година.

ДОЈДЕ И КРУНА ВО ПРИМЕРА

Една година подоцна, Атлетико Мадрид, конечно, успеа да се избори за нова титула во првенството на Шпанија. Симеоне знаеше како да ги предводи играчите и да им овозможи да се израдуваат на нова титула.

Атлетико имаше најконстантна игра во текот на целата сезона. Се играше одлично на секој дел од теренот, а тоа носеше и резултат. Сепак, титулата се решаваше во последното коло, а во него Барса беше домаќин на Атлетико. На Барселона ѝ требаше победа, но конечните 1:1 го промовираа Атлетико Мадрид во нов шампион. Тоа беше титула број 4 за Симеоне во четврто натпреварување.

ФИНАЛЕ ВО ЛШ

Во тешката сезона Симеоне успеа да стигне и до финалето од Лигата на шампионите во кое загуби од Реал Мадрид. Како и во 1974 година и сега Атлетико не успеа. Во прашање беа секунди, а кога судијата требаше да отсвири крај, Рамос ја расипа радоста.

Дополнителните 30 минути беа разочарувачки бидејќи Реал Мадрид ја искористи шансата и победи со 4:1.

Тоа беше првото загубено финале на Симеоне како тренер на Атлетико Мадрид.

НОВ СУПЕР КУП И РЕВАНШ

На стартот од оваа сезона Диего Симеоне ги мотивираше своите момци неверојатно и успеа да се избори за нова титула овој пат во Супер купот на Шпанија. Во мечот против Реал Мадрид, Атлетико успеа да се избори за вкупна победа.

На 13 септември, пак, успеа да постигне резултат каков што може само да се посака. На Сантијаго Бернабе седеше во затворена просторија поради казна, но неговите момци му приредија огромна радост и донесоа победа од 2:1.

СЕЗОНА ЗА НОВИ УСПЕСИ

Во новиот шампионат Атлетико Мадрид нема импресивни бројки, но дефинитивно одново е во конкуренција за добри резултати. Иако загуби од Олимпијакос во Лигата на шампионите и играше нерешено на стартот од сезоната во Примера против Рајо Ваљекано, сепак, има уште многу за играње, а тоа значи дека Симеоне ги очекува новите трофеи.

Како што стојат засега работите никој не размислува за разделба. Иако знае да направи глупост на теренот и да дојде до казна, сепак, дефинитивно тој е тренер за кого играчите гинат на теренот. Тој е мотиватор каков што ретко има меѓу тренерите денес и знае како да го извлече максимумот од секој од играчите.

Ја чека 100. победа

Во периодот од 1000 денови на клупата на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го предводеше својот тим на вкупно 155 натпревари. Успехот му е 63,87 посто, а успеа да се избори за вкупно 99 победи. Покрај тоа има 31 реми и 25 порази.

Денеска, од 20 часот Атлетико Мадрид ја пречекува екипата на Селта во рамки на Примера, а тоа најавува дека на овој меч ќе падне и јубилејната победа.

ИДЕОЛОГИЈАТА НА СИМЕОНЕ

1. „Ние секогаш одиме од меч во меч, а дури и од минута во минута“.

2. „Знаеме да играме против ривал кој игра со голем интензитет“.

3. „Го играме секој натпревар како да е последен“

4. „Постои една мала разлика од 400 милиони во однос на Барселона“.

5. „Ние сме тим на народот“.

6. „Ние играме со страст, се радуваме на секој успех, па дури и кога губиме“.

7. „Ако верувате и работите може и да успеете“.

8. „Не е добро кога ќе се победи, а за тоа немало голема борба“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...