ШАМПИОНОТ ГОСТУВА НА „САН СИРО“ ВО ИТАЛИЈАНСКА СЕРИЈА А

Милан против Јуве да ги докаже шампионските амбиции

Италијанските гиганти Милан и Јувентус вечерва ќе бидат во центарот на фудбалското внимание во Европа. Некогашните европски прваци играат на „Сан Сиро“ во големото дерби од 3. коло на италијанската Серија А. По првите две кола, двете екипи имаат максимални шест бода. Милан засега го има најдобриот напад, додека Јувентус уште нема примено ниеден погодок.

ИНЗАГИ ГИ ПРЕПОРОДИ „РОСОНЕРИТЕ“

Милан игра како препороден откако на клупата седна некогашната играчка легенда на „росонерите“, Филипо Инзаги. Во првите два официјални меча како тренер, Инзаги го предводеше тимот до две победи, и тоа против Лацио и Парма. Карактеристично за овие средби е тоа што Милан покажа една неверојатно офанзивна игра и даде дури 8 погодоци.

„Пипо ме потсетува како Ван Гал на млади години“, рече играчот за врска на Милан, Најџел де Јонг, кој потоа додаде дека најголема опасност во мечот против Јувентус ќе очекува од Карлос Тевез. „Ако треба да одберам еден играч од кој посебно стравувам од таборот на Јувентус, тоа сигурно е Тевез. Карлито е вистински воин. Тој има многу важна улога во играта на тимот. Овој меч ќе биде вистински тест за можностите на двата тима“, рече Де Јонг.
ПИПО: ГОСТИТЕ СЕ ФАВОРИТИ

Многумина очекуваат да видат како Инзаги ќе се справи против тимот кој е доминантен во последните три сезони во Италија. Младиот тренер фаворитската улога му ја препушти на гостинот, кој е многу поискусен. „Ако сакаме да стигнеме до посакуваниот резултат, против Јувентус мора да одиграме перфектен меч. Немаме што да загубиме бидејќи тие се посилен тим од нас. Сепак, ова е фудбал и никогаш не се знае. Се надевам дека навивачите на ’Сан Сиро’ ќе ни дадат дополнителна помош да се обидеме да направиме чудо“, рече Инзаги.

Росонерите сезонава не играат во ниту едно европско натпреварување, што на еден начин може да претставува и предност бидејќи може да се фокусираат само на настапите во домашните натпреварувања.

ПРВО ВРАЌАЊЕ НА АЛЕГРИ ВО МИЛАНО

Стратегот Масимилијано Алегри во јануари беше отпуштен од тимот. Тој го одведе Милан до титулата во 2011 година, но потоа имаше три слаби сезони, по што доби отказ. Сека по неколку месеци се враќа на местото каде помина три и пол години од тренерската кариера. „Во позитивно расположение патуваме за Милано. Фокусирани сме на мечот. Со потпретседателот на Милан, Адриано Галијани, имам одлични односи, но очигледно е дека сега ќе бидеме ривали“, рече Алегри.

Даниеле Бонера нема да биде во тимот на Милан поради суспензија, додека Алегри се очекува да не експериментира многу со составот. Кај гостите ќе го нема „мозокот“ на тимот Андреа Пирло, кој е повреден, но се очекува враќање на Артуро Видал и Андреа Барзаљи.

МНОГУ ПОВЕЌЕ РЕСПЕКТ, ОТКОЛКУ РИВАЛИТЕТ

Јувентус и Милан одиграле многу мечеви кои решавале кој од еден од овие два тима ќе се радува на титула, а кој ќе тагува. Сепак, никогаш во историјата овие два тима не биле некои големи ривали и тоа само поради еден факт. Тоа се екипи кои меѓусебно многу се почитуваат, тоа се два тима кои имаат голема традиција и многу освоени трофеи, но никогаш не биле посебни ривали. Заедничкото на овие два тима е тоа што најголемиот ривалитет го имаат против еден ист тим. И за Милан и за Јувентус најголемиот дерби меч во Италија е кога играат против Интер. Милан едноставно си има градски ривалитет против Интер и тоа е популарното „Дерби дела Мадонина“. Кога играат Јувентус и Интер тоа е меч кој го има добиено епитетот на „Дерби на Италија“. Како и да е, секогаш дуелите на Милан и Јувентус се следат со посебно внимание и предизвикуваат посебен интерес.

ПОСЛЕДНИ 5 НАТПРЕВАРИ

Јувентус – Милан      0:1

Хонда 29’

Милан – Јувентус      0:2

Љоренте 44’, Тевез 68’

Јувентус – Милан      3:2

Пирло 15’, Џовинко 69’, Киелини 75’ – Мунтари 1’, 90’

Јувентус – Милан      1:0

Видал 57’п.

Јувентус – Милан      2:1

Џовинко 12’, Вучиниќ 95’ – Ел Шарави 6’

МИЛАН -  ЈУВЕНТУС

ПОЧЕТОК: САБОТА, 20:45 Ч.

СТАДИОН: „САН СИРО“ ВО МИЛАНО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...