Баерн по 74 меча не даде гол во Бундес-лигата

Германскиот првак Баерн Минхен уште еднаш покажа дека не е шампионската форма во која беше во претходните две сезони. Баварскиот гигант беше неубедлив на гостувањето кај Хамбургер и одигра без голови во ракмите од четвртото коло. Шампионот сезонава има само две победи и уште не бил лидер.

БЕЗ ГОЛОВИ ПРВПАТ ПО АПРИЛ 2012 ГОДИНА

Тренерот Пеп Гвардиола повторно експирементираше со составот и овој пат тоа на крајот му се одмазди. Почна без Левандовски во нападот и Робен и Алонсо во средниот ред, па затоа тимот играта беше неубедлива. Откако се виде дека во првиот дел играат слабо, во вториот дел во игра влегоа Левандовски, Алонсо и Геце, но и тие не успеаjа да го скршат отпорот на домаќините.

На крајот по 90 минути мрежите на двата тима мируваа. Со овој резултат Баерн ја прекина неверојатната низа од 74 меча на кои даваше барем по еден гол на секој меч од првенството. Последен пат кога некој тим успеал да се одбрани од нападите на Баерн е екипата на Мајнц. Тоа се случило на 12 април 2012 година на „Алијанц aрена“ кога Мајнц одигра без голови против големиот фаворит. Од тогаш Баерн одигра цели две сезони во кои даваше гол на сите 34 меча, а погодуваше и на првите три дуели од оваа сезона.

ХАМБУРГЕР ПОКАЖА ДЕЛ ОД СТАРАТА СЛАВА

Некогашниот европски и германски првак Хамбургер покажа дека може да стави крај на најлошиот старт во клупската историја. Во повеќе од 50-годишното натпреварување во Бундеслигата, Хамбургер по првите три кола никогаш немаше освоено само еден бод. Сега против Баерн беше речиси неверојатно дека ќе остане непоразен, но токму против најдобрите, Хамбургер покажа дека знае како да се избори за поволен резултат. Сепак, тимот уште се нема израдувано на првата победа и е на претпоследното место на табелата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...