Барселона продолжува со максималниот ефект во Примера, откако синоќа со убедливи 5:0 славеше победа на гостувањето кај Леванте.
Во 4.коло првата победа ја забележа Алмерија, а на теренот на противникот бодовите ги освои и Севиља која се врати на 2.место на табелата веднаш зад Каталонците.
Постигнати резултати: Елче – Еибар 0:2, Ла Коруња – Реал Мадрид 2:8, Атлетик Билбао – Гранада 0:1, Атлетико Мадрид – Селта Виго 2:2, Еспањол – Малага 2:2, Сосиедад – Алмерија 1:2, Виљареал – Рајо Ваљекано 4:2, Кордоба – Севиља 1:3 и Леванте – Барселона 0:5.
Последниот дуел од ова коло е вечерва меѓу Хетафе и Валенсија.
Табела: Барселона 12 бодови, Севиља 10, Атлетико Мадрид 8, Гранада 8, Валенсија 7, Виљареал 7,...