Лампард на 39 различни екипи им дал гол

Легендата на Челзи, Френк Лампард е најзаслужен за стопирање на победничката серија на лондонскиот тим. Ветеранот кој 13 години носеше радост за навивачите на Челзи, овој пат беше најзаслужен што тимот не успеа триумфално да се врати од гостувањето кај Манчестер Сити. Во викенд дербито на Премиер-лигата, Сити и Челзи одиграа 1:1, иако гостите имаа предност, а и играч повеќе на теренот. Лампард, кој летово го облече дресот на Сити, погоди за радост на „граѓаните“ и на спречи радоста на гостинските фанови.

Со голот што го даде Лампард во неделата офанзивниот играч испиша нова страница во историјата на Премиер-лигата. Челзи стана 39. клуб на кој му има дадено гол во премиерлигашки дуел. Досегашниот рекорд го држеше Енди Кол, кој имаше погодувано на 38 различни екипи во Премиер-лигата.

ПЕЛЕГРИНИ: ЗНАЕВ ДЕКА ЌЕ ПОГОДИ

За да стигне до ова постигнување, на Лампард му беа потребни 19 сезони во елитното натпреварување. Започна во далечната 1995 година во тимот на Вест Хем каде помина шест сезони. За „чеканите“ одигра 148 меча во кои даде 24 погодоци. Во 2001 година потенцијалот на Лампард го забележаа челниците на Челзи и направи трансфер. Во следните 13 години стадионот „Стемфорд Бриџ“ беше неговиот фудбалски дом. За Челзи одигра дури 429 лигашки меча и постигна 147 погодоци, со што го има приматот на најдобар стрелец во историјата на клубот. Летово неговиот договор со Челзи истече, а тренерот Жозе Мурињо не сакаше да му го продолжи и тоа со образложение дека Лампард е стар и веќе нема да му биде потребен на тимот. Затоа Лампард мораше да бара нов клуб.

Потпиша со тимот на Њујорк Сити од САД. Бидејќи сезоната во САД започнува дури во март, играчот веднаш беше даден на позајмица во Манчестер Сити. Кај „граѓаните“ тој не е прва опција и најчесто е на клупата за резерви. Сепак, кога Сити губеше со 0:1 против Челзи и имаше играч помалку, тренерот Мануел Пелегрини реши шанса да му даде токму на Лампард, кој во игра влезе на 12 минути пред крајот. Ветеранот покажа дека уште знае како се погодува и по само седум минути поминати на теренот постигна гол и го спаси Сити од пораз, а на Челзи му ја прекина победничката серија

„Знаев дека Лампард ќе погоди против Челзи. Затоа и го внесов во игра“, рече по средбата, тренерот на Сити, Пелегрини.

САМО НА СЕДУМ ЕКИПИ НЕ ЈА ТРЕСЕЛ МРЕЖАТА

Откако Премиер-лигата е формирана во 1992 година, во ова натпреварување играле вкупно 46 клубови. Тоа значи дека Лампард само на седум клубови кои биде во елитното англиско натпреварување им нема дадено гол. Играчот кој не е класичен напаѓач, но е со неверојатно чувство за погодок дадено голови во дуелите против Ипсвич, Ватфорд, Кардиф, Барнли, Квин Парк Ренџерс. Нема погодено ни против Свиндон Таун и Олдам Атлетик, но тоа се екипи против кои и никогаш немал шанса да игра.

Лампард има шанса да стигне до јубилејната бројка од 40 екипи против кои погодувал бидејќи КПР и Барнли сезонава се дел од Премиер-лигата. Лампард несомнено докажа дека и на 36 години има капацитет да биде главен на дерби дуелите, па сега веројатно тренерот Пелегрини ќе му даде повеќе шанса за игра, посебно против КПР и Барнли кога ќе се обиде да го подобри рекордот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...