ВО ЗАЕДНИЧКО ИНТЕРВЈУ ЛЕГЕНДИТЕ ОД ХОЛАНДИЈА И ГЕРМАНИЈА, КРОЈФ И БЕКЕНБАУЕР, СОГЛАСНИ ВО ЕДНО

Зарем се согласија: Барселона е поголема од Баерн?!

* Големите имиња на холандскиот и германскиот фудбал се согласија дека Барселона секогаш ќе биде поголем тим од Баерн Минхен

* Жозеп Гвардиола е името што ги поврзува двете екипи

Точно 40 години од првата титула светски првак на Германија легендите на финалистите од Мундијалот во 1974 година, Франц Бекенбауер и Јохан Кројф се сретнаа и се потсетија на тие денови. Сепак, премногу и не зборуваа за минатото туку зборуваа за она што денес се случува во фудбалот и, секако, за тимовите кои им се омилени.

Летечкиот Холанѓанец загуби во финалето во 1974 година од Кајзер со 2:1. Меѓутоа, тоа финале е во минатото, а денес и двајцата се согласни во едно. Тоа е дека Барселона е поголем клуб од Баерн и со многу поголема традиција.

Инаку, двете екипи ги поврзува тренерот Жозеп Гвардиола, кој по титулите со Барселона продолжи да реди успеси со Баерн Минхен. Тренерот кој додека беше во Барселона редовно ѝ овозможуваше на Шпанија да освојува трофеи на големите натпреварувања. Сега, пак, на тоа место се најде Германија.

За сето тоа зборуваат и Кројф и Бекенбауер, кои и понатаму се максимално активни во фудбалот.

Како успевате да изгледате толку добро иако се наближувате кон возраст од 70 години?

БЕКЕНБАУЕР: „Постојаното движење ме остава млад. За разлика од Јохан, кој е пензионер и веќе неколку години се насладува на сонцето во Барселона, јас морам да работам за да им дадам сигурност на петте деца и осумте внуци“.

КРОЈФ: „Зошто пензионер? Јас сум ангажиран со мојата фондација, која им дава можност на децата со заостанат развој да спортуваат. Само во Холандија и Шпанија има по 50-60.000 деца на ден“.

Баерн или Барселона? Кој клуб е поголем?

КРОЈФ: „На светско ниво тоа е Барселона. Во Јужна Америка сите гледаат шпанско првенство. Таму Барселона е многу поголем клуб од Баерн и така и ќе остане“.

БЕКЕНБАУЕР: „Согласен сум. Барселона е водечки клуб во светот, погледнато и од традицијата. Таму имаше неверојатно легендарни тимови и во 30-тите и 40-тите години. Во Баерн реално сè почна во 1965 година со Бундес-лигата“.

Како тренер го откривте Жозеп Гвардиола. Што е тоа што го одликуваше?

КРОЈФ: „Дефинитивно неговата техника и интелигенција. Тој тогаш играше во третиот тим, но физички не делуваше воопшто добро. Сепак, тој знаеше како да си помогне и да надомести со правилно движење. Токму тој момент да извлечеш корист од недостатоците го одликува и сега како тренер. Според мене тој е еден од најдобрите во светот“.

Подобар и од Жозе Мурињо?

КРОЈФ: „Мојот одговор е категорично ДА. Гвардиола сака да го подобри фудбалот како целина и да го однесе тимот на друго ниво. Во споредба со Мурињо тој и самиот има играно пред 100.000 фанови. Жозеп ја поставува играта во центарот на нештата. Мурињо, пак, секогаш зборува само за неговата екипа, неговите квалитети и неговиот менталитет“.

Тогаш Баерн нема потреба од тики-така?

БЕКЕНБАУЕР: „Не. Тики-така е изводлива само со Меси, Иниеста и Чави. Поинаку не. Еден Рибери или Робен се индивидуалци и живеат само со солирање. Тоа е еден друг вид фудбал“.

КРОЈФ: „Исклучително за Гвардиола е тоа што тој не го притиска тимот да игра по негов начин. Тој прави анализа и го бара најдоброто за тимот, наоѓа детали и го изведува најголемиот успех. Не е случајно што во 2010 година Шпанија стана светски шампион со седум фудбалери од екипата на Гвардиола. Сега, пак, Германија дојде до титулата со шест-седум играчи од неговиот тим“.

Дали Германија победи заслужено на СП?

КРОЈФ: „Да. Апсолутно. Беа доминантни против секој противник“.

ФИФА го прогласи Меси за најдобриот играч на Мундијалот. Дали се согласувате?

КРОЈФ: „Не. За мене најдобар на првенството беше Тони Крос“.

Дали беше направена грешка кога му дозволија да се пресели во Реал?

КРОЈФ: „Не сум запознаен со причините. Сепак, Баерн реагираше по неговото заминување. Во исто време имаше и многу повредени, па затоа ангажманот на Чаби Алонсо беше вистински. Можеби тоа не е решение за подолго време, но во моментот беше одлично. Алонсо ќе биде многу, многу важен за Баерн. Тој има големо искуство и тоа сака веднаш да го докаже кај сите“.

Опасно ли е за Баерн што привлече толку Шпанци?

БЕКЕНБАУЕР: „Воопшто не е опасно. Шпанија доминира во светскиот фудбал веќе неколку години по ред. Со ангажманот на тие фудбалери се крена и нивото на квалитетот во Бундес-лигата. Баерн не ги ангажираше затоа што се Шпанци туку затоа што имаат големи квалитети. Кога Крос напушти немаше многу фудбалери кои можеше да го заменат. Чаби Алонсо дефинитивно е еден од нив“.

Трансферот на Алонсо беше 8 милиони евра. Колку би чинел денес трансфер на Јохан Кројф или Франц Бекенбауер?

БЕКЕНБАУЕР: „Кога играчи како Бејл или Роналдо чинат 100 милиони евра, тогаш кај Јохан станува збор за милијарди“.

КРОЈФ: „Тогаш за тебе Реал Мадрид би немал пари. Франц не беше само една супер ѕвезда. Тој можеше од еден обичен тим да формира непобедлива сплотеност“.

Што мислите вие како револуционери во фудбалот за спрејот при слободните удари?

КРОЈФ: „Јас сум голем фан на овој спреј“.

БЕКЕНБАУЕР: „Бев дел од комисијата на ФИФА која размислуваше дали да го воведе. Кога спрејот ни беше претставен сите се смееја. Сепак, промената е одлична идеја. Порано фудбалерите се трудеа да украдат по некој сантиметар. Сега едноставно мора да бидат позади линијата“.

Кој од вас беше подобар шмекер?

КРОЈФ: „Јас, сосема сигурно. Секогаш бев еден од најмалите фудбалери на теренот и секогаш бев итар“.

БЕКЕНБАУЕР: „Точно е. Пред сè тој се трудеше да ги измами судиите“.

КРОЈФ: „И ти секогаш се чувствуваше навреден“.

БЕКЕНБАУЕР: „Хахаха... Само не и по финалето во 1974 година“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...