Пеп Гвардиола првпат пред празни трибини

Тренерот на германскиот првак Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, нема претстава што може да го очекува во натпреварот против московска ЦСКА бидејќи тој ќе се игра пред празни трибини.

- Никогаш ова не сум го доживеал. Никогаш не сум настапувал пред празни трибини. Мора да бидеме внимателни и во ваква ситуација. Имаме голема шанса да направиме позитивен резултат и голем исчекор напред’, изјави Гвардиола пред руските и германски медиуми во Москва.

Баерн и ЦСКА Моква дуелот од 2.коло во Лигата на шампиони ќе го играат утре пред празни трибини на „Химки Арена“ поради казната која московјани ја заработија од УЕФА, а по расистичките испади на нивните навивачи во дуелот против Викторија Плзен одигран минатиот декември.

Овие две екипи и минатата година одиграа два натпревари кои завршија со победа на германскиот клуб, но Гвардиола предупредува дека противникот мора да се почитува.

- Нормално дека победите над ЦСКА ни даваат повеќе самодоверба, но тие се добар тим во кој речиси сите играчи од минатата сезона се овде. Без разлика на убедливиот пораз од Рома, ние мораме да ја почитуваме ЦСКА’, дополни Гравдиола.

Во првото коло од групата Е, руската екипа беше поразена на гостувањето во Рим со 5:1, додека Баерн го доби дербито со англискиот првак Манчестер Сити со 1:0. Дуел меѓу СЦАК Москва и Баерн Минхен ќе се игра во терминот од 18 часот и е прв од денешната програма од 2.коло во Лигата на шампиони.

Во останатите средби кои ќе започнат од 20 часот и 45 минути ќе играат: Бате Борисов – Атлетик Билбао, Спортинг Лисабон – Челзи, Манчестер Сити – Рома, Шахтјор – Порто, АПОЕЛ – Ајакс, Шалке – Марибор И дербито на денот меѓу П.С.Ж. и Барселона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...