Ќе го нема само Мирко Ивановски

Денеска, точно на пладне, во хотелот „Плаза“ во Скопје селекторот Бошко Ѓуровски ќе ја има првата прозивка на националниот тим за дуелите со Луксембург и со Украина. Од сите повикани репрезентативци ќе недостасува само Мирко Ивановски, кој денеска има меч со Клуж во романскиот шампионат и на репрезентативците ќе им се приклучи утре.

„Мирко Ивановски пријави дека ќе доцни поради обврски со клубот. Неговото доаѓање го очекуваме утре“, ни изјави селекторот Бошко Ѓуровски.

ФОРМАТА ГО РАДУВА СЕЛЕКТОРОТ

Предводникот на нашиот национален тим ја следи формата на репрезентативците и е среќен што повеќето од избраниците играат во своите клубови.

„Добро е тоа што 90% од повиканите играат во своите клубови и ме радува нивната форма. Единствено имаме тројца кои не играат. Станува збор за Пачовски, Ристовски и Спировски, меѓутоа верувам дека се во форма и дека ќе одговорат на предизвикот за двата меча. Формата е многу важна на вакви мечеви. Едно време имавме проблеми со таа минутажа, но сега сум среќен што речиси сите играат. Собирот е денеска, во 12 часот, освен Ивановски сите би требало да бидат присутни денеска на собирот“, потенцираше Ѓуровски, кој потврди дека на местото на Глишиќ повик доби Езџјан Алиоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...