Да го наполниме голот на Луксембруг

Ако не против Луксембург, тогаш против која селекција да очекуваме победа на нашиот фудбалски национален тим во квалификациската група за пласман на ЕП 2016 во Франција? За останување во игра, за подигнување на атмосферата, за самодоверба, изборот на момците на Бошко Ѓуровски е само еден - победа и првите три бода на утрешниот дуел. Играме дома за првпат во овие квалификации и тоа против најслабиот во групата, барем според ранкингот, и покрај тоа што заостануваат само десетина места зад нас на ФИФА листата.

Лускембург е селекција која важи за целосен „аутсајдер“, а Македонија ако сака да се надева на трето место и бараж едноставно мора да ги освои бодовите. Потоа следува уште еден натпревар против Украина за неколку дена, и токму од овие два меча ќе зависат многу нешта во квалификациите. Поразот од Шпанија не треба да биде демотиватор за нашите репрезентативци затоа што сега е стартот на квалификациите и сега ќе треба да се покажа сила и моќ и желба за победа, за тргнување кон тоа трето место кое го носи тој толку посакуван бараж.

„ОТПИШАНИОТ“ ПРИМА ГОЛ(ОВИ) НА 16 МЕЧА ПО РЕД

Не треба да се биде голем експерт да се знае дека за победа се потребни гол(ови). Ако против Шпанија направивме толку зрели шанси, тогаш против Луксембург очекуваме повеќе и, секако, повеќе голови. Да ја наполниме мрежата на противникот, да постигнеме колку што е можно повеќе голови и да славиме прва победа, а потоа со средени мисли и одлична атмосфера да отпатуваме во Лвов на мегдан со незгодните Украинци.

Дека имаме шанси, имаме со оглед дека Луксембург е една од најслабите селекции во Европа која прима секогаш барем по еден гол на последните 16 натпревари на гостински терен. Последен пат успеале да ја сочуваат мрежата во 2009 година на дуел со Молдавија кога играле 0:0. Инаку, Луксембург нема триумф на гости од 2008 кога сензационално успеа да ја совлада репрезентацијата на Швајцарија среде Цирих. Тоа покажува дека ако се потцени, може да биде многу опасно.

ПАЧОВСКИ: ПО ОСВОЈУВАЊЕ НА ПРВИТЕ БОДОВИ

Нашиот национален тим од вчера е комплетиран со доаѓањето на Мирко Ивановски, кој последен пристигна на подготовките на Македонија. Вчера го имаше и вториот тренинг, а сите мисли се сега насочени кон утрешниот дуел и се „крои“ планот како да се освојат трите бода и да се заборави „дебаклот“ со Шпанија.

Капитенот Томе Пачовски е оптимист, но и внимателен пред утрешната пресметка со „аутсајдерот“.

„Со Лускембург очекуваме тврд натпревар и секако дека се надеваме и посакуваме позитивен резултат. Со победа ќе ја подобриме атмосферата во репрезентацијата. Имаме квалитет, и се надевам дека ќе го искористиме утре и дека ќе победиме. За нас квалификациите почнуваат од сега и се надеваме на првите три бода“, изјавува нашиот чувар на мрежата.

ДА НЕ ИМ СЕ ДОЗВОЛИ ДА СЕ ЗАКАНАТ

Луксембург сигурно ќе дојде да се брани и да го сочува голот, а по некоја случајност ако постигне гол, тогаш нивната игра ќе биде целосен „бункер“. Нивната контра е најсилното оружје, а ние треба да ја градиме нашата за триумф.

„Најважно ќе биде прво да не им дозволиме да се заканат. Ако случајно примиме гол, знаеме дека потоа ќе имаме тешка задача да се вратиме во игра со оглед дека ќе играат целосно дефанзивно и нема да ни дозволат да направиме шанси. Мислам дека треба мирно и стрпливо да ја градиме нашата игра и да се обидеме да создадеме прилики. Станува збор за организирана екипа која одлично покрива во дефанзивната линија и тешко му дозволува на противникот да се разигра. Јас се надевам дека до такво сценарио нема да дојде и дека ќе успееме да победиме“, потенцираше голманот на репрезентацијата.

ПОРАЗОТ НЕ Е „ОПЦИЈА“

Зборот „пораз“ не постои во речникот на нашите репрезентативци. Сите се свесни дека задачата нема да биде лесно, но дека силно ги посакуваат и ги очекуваат трите бодови во утрешната пресметка со Луксембург.

„Поразот не е во опција. Сите размислуваме само за победа и се надевам дека до неа ќе дојдеме и ќе ги освоиме првите три бода. Не би сакал да помислиме дека ќе бидеме поразени, меѓутоа во фудбалот се случуваат изненадувања и тоа ќе биде само еден обичен ден за нас. Квалитетот треба да го искористиме и да се радуваме“, дополнува „единицата“ на нашиот национален тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...