Нема веќе лесни противници

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски побара максимално залагање од неговите избраници на утрешниот дуел со репрезентацијата на Луксембург за која рече дека во никој случај не треба да се гледа како лесен противник.

- Луксембург не е нималку наивен противник. Впрочем во современиот фудбал нема веќе лесни противници. Ќе мора да играме максимално ангажирано за да ја оствариме целта. До победата може да дојдеме со чести напади по страничните линии, со поголем посед на топката и со 12 до 15 удари кон противничкиот гол. Но, не смееме да ги заборавиме нивните контри. Во случај на загубена топка и нивен против напад нашите стопери ќе треба да направат тактички прекршок и да спречат опасност по нашиот гол. Ќе играме со офанзивна формација, истакна Ѓуровски на денешната прес-конференција.

Победа за подигнување на атмосферата пред гостувањето во Украина посакува Александар Трајковски.

- Треба да одиграме храбро и да покажеме дека имаме квалитети. Со добар резутат и освојување на трите бода да создадеме добра атмосфера и со оптимизам да заминеме на гостувањето во Украина, истакна Трајковски.

Квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2016 меѓу Македонија и Луксембург ќе се одигра утревечер од 20 часот и 45 минути на Арената „Филип Втори“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...