Тврдина се руши со напад

Европско првенство во фудбал. Тоа е нешто што македонскиот народ и нашите фудбалери го гледале само на телевизија. Никогаш како директни учесници. Македонија секогаш важи за аутсајдер во групите и за селекција на која ѝ се даваат најмалку шанси. Меѓутоа, во овие квалификации приказната сега е поинаква. Шансите за пласман на едно големо натпреварување сега се поголеми од кога и да е. Затоа што сега првите три одат во бараж. Тука е шансата за нашиот национален тим, а по поразот од Шпанија вечерва против Луксембург за нас вистински почнуваат квалификациите. Затоа што со „фуријата“ немаме никакви шанси да се надигруваме и да освојуваме бодови, и токму од тука ќе ни требаат победи со Луксембург, Белорусија и да „чепнеме“ нешто со Словачка, Украина па ако може и со Шпанија дома. Тоа е рецептот за пласман на третото место и долгоочекуваниот бараж.

Луксембург!? Селекција „аутсајдер“, но и екипа која не треба и не смее да се потцени. Впрочем, Македонија не смее никого да потценува затоа што не е фудбалска велесила. Токму од тука вечерва ни под разно „кикс“. Луксембург мора да се добие, ако не, тогаш патот кон ЕП ќе добие друга димензија и ќе биде уште потежок и потрнлив. Ќе треба потоа да бараме бодови некаде на друго место, а добро е познато како тоа завршувало во минатото. Квалификациите за нас биле „готови“ по само четири одиграни меча. Тоа не треба да се дозволи!

ИБРАИМИ: НА ТЕРЕН ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ ПОДОБРИ

Веќе ретко кој се сеќава на оној пораз од Шпанија. „Фуријата“ беше далеку поквалитетна селекција и апсолутно заслужено успеа да ги освои бодовите и лесно да се најде на првото место уште по првото коло. Шпанија треба да биде историја, а со менталитетот дека за нас квалификациите започнуваат од вечерва треба да се тргне во „жетва“ за бодови.

Пред нашите момци се наоѓа „тврдина“ на Луксембург, која ќе се брани со сите сили, а тврдината ќе се урива со напад.

„Фудбалот се игра за голови. Тргнуваме со напаѓачки менталитет и мора да ги користиме сите шанси. Мораме да бидеме компактни и во офанзива и во дефанзива, а не да чекаме од поединци. Сите да помагаме кога се браниме, и од сите да имаме поддршка кога напаѓаме. Влегуваме во мечот со победнички менталитет и само така можеме да триумфираме. Треба на теренот да покажеме дека сме подобри од нив, а не само на хартија. Мораме да ги исполниме сите задачи на селекторот кој ќе ги ни ги зададе. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, и потребна ни е само една победа за да биде многу подобра, а сите знаеме дека атмосферата во една екипа е еден од клучните фактори за успех“, вели Ибраими за кого проблемите со тетивата се минато.

„Немам болки, сè е во ред. Подготвен сум за вечерашниот натпревар“, додаде нашиот најдобар репрезентативец.

БЕЗ ПОТЦЕНУВАЊЕ И БЕЗ „ЧАЛАМЕЊЕ“

Иако играме против најслабиот и со аматерскиот Луксембург, сепак, тој е само десетина позиции под нас на ФИФА листата. Оваа селекција знае да прави изненадувања, и да победува и на гости. На пример ја има совладано Швајцарија, Белорусија, Малта, сите на гостински терен. Затоа не треба во мечот да се влезе со потценување, туку мирно да се чека шансата за гол, за победа...

„Ги гледавме низ неколку натпревари, ги анализиравме. Ќе се бранат, а ние ќе треба да најдеме решение за нивната дефанзива. Јас се надевам дека ќе успееме. Секоја шанса ќе мора да ја користиме. Не треба да ги потцениме ниту да се фалиме дека сигурно ќе победиме. Туку да дадеме сè од себе да ги освоиме бодовите кои ќе бидат од исклучително значење. Добивме една група во која освен Шпанија, може да се каже дека со другите и можеме да се надигруваме и да направиме нешто. Затоа овој меч е значаен за нас“, потенцираше Ибраими.

АБДУРАХИМИ: САМО ПОБЕДА

Еден од оние во нашиот национален тим кој се очекува да има придонес во офанзивата е и Бесарт Абдурахими кој од левата страна ќе биде закана по голот на Луксембург. Фудбалерот на Локерен покажа дека е во форма во Белгија, а сега треба да ја пренесе и во репрезентацијата. Смета дека овој меч е важен за нашиот национален тим.

„Ние сме една нова екипа која нема многу време за воигрување и за експерименти. Против Шпанија покажавме дека можеме да бидеме добри во офанзива, иако секогаш има простор за напредок. Одиме на победа со Луксембург. Да покажеме дека знаеме да победуваме. Атмосферата во селекцијата е одлична и се надевам дека таква ќе биде и на вечерашниот меч. Луксембург треба да се добие, иако треба да дадеме се од себе затоа што во денешно време никој не дозволува лесен пораз. Не треба да се оптоваруваме со нивната игра, туку да ја гледаме нашата. Не интересира само победа“, ни изјави Абдурахими кој вечерва ќе го игра четвртиот меч за националниот тим на Македонија откако се реши да го смени хрватскиот дрес за нашиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...