Квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Албанија на Партизан стадионот во Белград синоќа беше прекинат пред крајот на првото полувреме.
Инциднетот настана кога дрон коj носеше знаме на „голема Албанија“ се развиори над стадионот, и кога подоцна дел од фудбалерите на Србија се обидоа да го отстранат.
Засега нема информации што ќе стане на фудбалски план со натпреварот, но што напишаа странските медиуми за натпреварот помеѓу Србија и Албанија од групата И во квалификациите за пласман на ЕП 2016-та?
Погледнете ги дел од насловите во престижните медиуми од Европа и светот.