„Воздушниот напад“ во Белград го сруши фудбалот

Дуелот кој се знаеше дека е повеќе од фудбалски на крајот не го доживеа крајот на спортскиот терен. Србија и Албанија играа само 40-тина минути, по што средбата беше прекината. Беше најавено дека на стадионот во Белград нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи и дека не смее да се појават албански знамиња. Така и беше сè до 40 минута, кога над стадионот се појави знаме и тоа со карта на „голема Албанија“. Тоа знаме беше иницијалниот дел за да започне прекин, кој ќе доведе до недоигрување на мечот. Знамето од летачкиот дрон го извади српскиот репрезентативец Стефан Митровиќ, по што веднаш реагираа албанските фудбалери. Настана мешаница во која покрај фудбалерите на двете екипи беа вмешани и 10-тина навивачи кои влетаа на теренот.

ДРОНОТ ЕДНА НЕДЕЛА БИЛ НА КРОВОТ ОД ЦРКВАТА

Беспилотното летало на кое беше закачено да се вее знамето со мапа на „голема Албанија“ го управувал братот на албанскиот премиер Еди Рама, Олси Рама, пишуваат српските медиуми. Братот на премиерот бил во ВИП делот на стадионот, а кај него бил пронајден далечински управувач со кој може да се контролира движењето на дронот. Тој полетал од кровот на црквата која се наоѓа на улицата што е пред стадионот. Според претпоставките тој таму бил скриен уште пред една недела. Од црквата до стадионот потребни се само две минути дронот да се најде на центарот од игралиштето.

ЗНАМЕТО ПРОШВЕРЦУВАНО ВО ЈАКНА

Знамето со мапата на „голема Албанија“ во Србија било внесено скриено сошиено во јакна, беше покажано на една снимка. По мечот Олси Рама заедно со уште неколку Албанци кои седеле во ВИП делот на стадионот, биле приведени, но подоцна и ослободени, по што си заминале за Албанија, пишуваат српските медиуми. Рама и останатите приведени имале американски пасоши и во земјата влегле како американски државјани.

„Јас сум американски државјанин и не ми можете ништо“, бил коментарот на приведениот Рама, кој подоцна безбедно се врати во Албанија. Според некои извори, приведените биле пуштени бидејќи не можело да им се обезбеди бранител поради штрајкот на адвокатите во Србија.

Братот на премиерот подоцна демантирал дека го управувал леталото. „Немам ништо со леталото. Не бев ни уапсен, ни приведен. Кога инцидентот се случил, ситуацијата стана хаотична, па полицијата ги прегледуваше сите. Им го покажав американскиот пасош и камерата. Тоа траеше неколку минути“, рекол Рама.

КОИ БЕА ЛИКОВИТЕ?

На знамето кое беше причина за прекинот покрај мапа со карта на „голема Албанија“ имаше и два лика. Едниот беше политичарот Исмаил Џемаили, а вториот е воениот лидер Иса Бољетини. Џемаили е албански државник кој учествувал во пишувањето на албанската декларација за независност. Тој беше прв премиер и министер за надворешни работи во независна Албанија во периодот од 1912 до 1914 година. Бољотини кој е роден како Иса Пеци, а го променил презимето по местото на раѓање. На крајот од 19 век бил еден од главните лидери од борците за албанска независност.

ГОСТИТЕ ГО КРИЕЛЕ ЛЕТАЛОТО ВО СОБЛЕКУВАЛНА

Делегатот на мечот, Холанѓанецот Хари Бин два часа барал од Албанците од соблекувалната да го предадат еден од двата клучен докази за почнувањето на инцидентот, а тоа е дронот на кој се вееше знамето. Еден од гостинската делегација го понел дронот со себе во соблекувалната и потоа леталото го снемало. Вториот важен доказ е знамето кое заврши кај делегатот на овој меч.

УЕФА ЌЕ РЕШИ СЛЕДНИОТ ЧЕТВРТОК

Генералниот секретар на фудбалската федерација на Србија, Зоран Лаковиќ, вели дека од УЕФА стигнала инструкција, дуелот да се доигра. „Беше одржан кризен состанок со службените лица на УЕФА, судиите и претставниците на двете федерации. Бевме во директен контакт со челниците на УЕФА во Нион, од каде дојде директива дека мечот треба да се доигра и да има предупредување дека мечот ќе биде прекинат ако се случи и најмал инцидент. Од УЕФА инсистираа дека мечот треба да се доигра“, вели Лаковиќ.

УЕФА ќе ја испитува ситуацијата до следната среда и ќе собира докази пред да ја донесе одлуката. Двете федерации имаат една недела, а епилогот за натпреварот ќе го дознаат следниот четврток.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...