Хонда го „вози“ Милан кон целта

Јапонскиот интернационалец Кејсуке Хонда беше најзаслужниот фудбалер за победата на Милан на гостувањето кај Верона. Екс-играчот на ЦСКА Москва постигна два гола во триумфот на својот тим од 3:1. Верона е традиционално тежок терен за Милан каде запиша пораз минатата сезона и каде во 1973 година ја загуби титулата по поразот од 5:3. И покрај отсуството на неколку стандардни играчи „росонерите“ имаа контрола на играта и лесно отколку што се очекуваше ги однесе бодовите од „Бентегоди“. Верона самати си „пукаше“ во нога кога Рафа Маркез ефектно ја затресе својата мрежа со што му ја отвори вратата кон победата на противникот. Мексиканецот беше виновен за третиот гол на Милан откако не реагираше најдобро во дуелот со Хонда, а во судиското продолжение доби црвен картон и го заокружи лошото издание. Милан стигна до четвртата победа сезонава и се искачи на четвртата позиција на табелата.

„Многу сум задоволен бидејќи одигравме квалитетно и покрај тоа што ни недостасуваа неколку играчи. Игравме подобро од очекуваното. Во соблекувалната го пофалив Есиен, кој не играше многу сезоната, но на овој меч беше одличен. Малку сум незадоволен што не ја сочувавме мрежата, но Абијати бранеше одлично и беше заслужен за успехот“, изјави тренерот на Милан, Пипо Инзаги.

КИЕВО ГО ОТПУШТИ ТРЕНЕРОТ

Киево го отпушти тренерот Еугенио Корини по поразот од Рома со 3:0. „Летечките магариња“ останаа со една победа и едно реми во седум кола што според управата е премалку која одлучи да го смени Корини, а на негово место, најверојатно, ќе го постави Роландо Маран. Овој тренер работеше во Катанија, Варезе, Виченца, Бари, Бреша и Триестина.

САСУОЛО МУ ЗЕМА БОД НА ШАМПИОНОТ

Сасуоло не му дозволи на Јувентус да дојде до 13. победа по ред. „Фенерџијата“ откина бод, а Јувентус остана непоразен во лигата. Тренерот на шампионот Масимилијано Алегри се оправда со заморот на своите играчи.

„Секогаш е така кога фудбалерите се уморени по паузата поради репрезентативните натпревари. Противникот беше посвеж од нас. Јас го собрав тимот дури во четврток, а многу играчи играа по два меча за своите репрезентации. Не бевме добри, му дозволивме на Сасуоло да прави контра-напади. Освен тоа нивниот голман имаше свој ден“, изјави Алегри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...