Баерн си гази, Борусија тоне

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен продолжува со убедливите игри и победи во домашното првенство. За разлика од Баерн, нивниот најголем ривал од последните неколку години, Борусија Дортмунд, реди порази.

Избраниците на Пеп Гвардиола се радуваа на највисоката победа сезонава откако на „Алијанц арена“ со 6:0 го победија Вердер. Уште по првото полувреме беше јасно дека баварците ќе слават убедливо бидејќи по само 45 минути имаа четири гола предност. До крајот на дуелот гостите од Бремен си заминаа со пола дузина погодоци во својата мрежа.

ЛАМ: ПРВ ПАТ ДАВАМ ДВА ГОЛА НА ЕДЕН МЕЧ

Изненадувачки беше тоа што капитенот Филип Лам даде два гола на овој меч. Играчот кој е „мозок“ на тимот ја игра јубилејната 10. сезона во дресот на Баерн, а со овие два погодоци стигна до бројката од 10 погодоци во Бундес-лигата. Лам погоди по еднаш во двете полувремиња.

„Од самиот почеток ги притиснавме и не им дадовме никаква шанса да се понадеваат дека може да стигнат до бод. Знам дека не постигнувам голови многу често, а вистинско чудо е што дадов два гола. Два гола на едем меч не сум постигнал уште како дете кога играв. Убаво е чувството кога ќе се даде гол. Оние што велат дека не е битно дали ќе погодат или не, да знаете дека лажат“, рече Лам.

Тренерот Гвардиола не пошегува на сметка на капитенот. „Морам да признаам дека сум малку разочаран од Лам. Очекував тој да постигне хет-трик на овој дуел. Се разбира дека тоа го велам на шега. Многу сум горд на неговата игра“, рече Гвардиола по мечот.

„МИЛИОНЕРИТЕ“ ВО ПЕТ МЕЧА ОСВОИЈА САМО ЕДЕН БОД

Борусија Дортмунд не може да излезе од криза. „Милионерите“ загубија на гостувањето кај Келн со 2:1, што е нивни трет неуспех во низа. Во последните пет меча, Борусија освои само еден бод, па затоа тимот уште сега може да се збогува од трката за титулата. По овој пораз почнува да се дрма тренерската клупа на Јирген Клоп, човекот кој во претходните неколку години беше најзаслужен за успесите на тимот.

Во отсуство на тимот од Дортмунд, сега главен ривал на Баерн се покажува дека може да биде другата Борусија, таа од Менхенгладбах. На гостувањето кај Хановер, Борусија Менхенгладбах славеше убедливо со 3:0 и е најблиску до лидерот.

Баер Леверкузен водеше со 3:0 на гостувањето кај Штутгарт, но на крајот не победи. „Фармацевтите“ почнаа фуриозно и на паузата имаа огромна предност, која сепак се покажа дека нема да им биде доволна за радост. Штутгарт во вториот дел даде три погодоци и стигна до бод.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...