Меси на гол од Зара

Натпреварите од 8. коло во Примера донесоа интересни резултати, а меѓу нив беа новите победи за Реал Мадрид и Барселона. Во двете екипи имаше и поединци кои успеаја да го одбележат колото така што одново сите погледи се кон учесниците во „Ел Класико“.

Иако нивниот двобој следува в сабота, сепак, и во ова коло беа во центарот на вниманието. Лионел Меси, Клаудио Браво и Кристијано Роналдо има со што да се пофалат од ова коло така што резултатите од средбите остануваат во втор план.

МЕСИ СТИГНА ДО 250 ГОЛА

Иако Барселона долго се мачеше да го скрши отпорот на Еибар, сепак, за 14 минути дојдоа три погодоци. Оној што заслужува да биде одбележан е третиот кој беше дело на Лионел Меси на асистенција од Нејмар.

Тоа беше голот број 250 во Примера за Меси така што тој стигна на само еден гол до Телмо Зара и сега му останува на „Ел Класико“ да го одбележи моментот. Со оглед на тоа што е најефикасниот играч во историјата на дуелите против Реал Мадрид сосема извесно е дека во сабота може да биде запишан погодокот кој толку се очекуваше.

Долго се чекаше на играчот кој ќе му се доближи на Зара, па Меси е првиот на кој му успеа сето ова и сега е прашање на време кога ќе се израмни, а кога ќе го помине.

ГОЛОТ НА БРАВО ОДМОРА 720 МИНУТИ

Новиот голман на Барселона, Клаудио Браво, и понатаму е несовладлив. И во 8. коло тој успеа да ја зачува својата мрежа иако беше многу близу до примање погодок. Сепак, напаѓачите на Еибар имаа неколку лоши реакции, па тоа остави простор за Браво и понатаму да оди кон поставување рекорди.

Сега Барселона е првиот тим со осум меча по ред од стартот на сезоната на кои нема примено гол. Воедно Браво е првиот голман кој 720 минути го зачувал голот од почетокот на шампионатот.

„На натпревари како овој против Еибар едноставно мора да бидете добро организирани и често да комуницирате со стоперите. Среќен сум поради осумте натпревари на кои не примив гол, но тоа е заслуга на комплетната екипа. Многу ми е драго кога ќе видам како напаѓач се враќа на нашата половина и освојува топка на противникот“, вели Браво.

РОНАЛДО ПРВ СО 15 ГОЛА ЗА ОСУМ КОЛА

На постигнувањата на Браво и Меси се надоврза и Кристијано Роналдо. Тој постигна два гола на гостувањето против Леванте и сега има 15 погодоци по осум кола. Со нив стана првиот фудбалер на кој му успеало да стигне до ваква ефикасност.

Досегашниот најдобар резултат на голгетер по осум кола беше 14 погодоци, а резултатот опстојуваше дури 71 година. Ечеверија, кој играше за Овиедо во сезоната 1943/44.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...