Баварски предизвик за Рома

Дуелот меѓу Рома и Баерн Минхен ќе го одбележи првиот ден од 3. коло во Лигата на шампионите. Тимот од Рим ќе има нов голем предизвик, а „баварците“ воедно ќе бидат пред испит за докажување на квалитетот.

Според формата ова треба да биде израмнет натпревар. И Рома и Баерн имаат одлични резултати во досегашниот дел од сезоната. Имаат серија добри резултати, па затоа на овој меч од нив се очекува да бидат уште подобри.

ГАРСИЈА ОЧЕКУВА ФАНТАСТИЧЕН МЕЧ

Екипата од Италија влегува во оваа пресметка како второпласирана во Серија „А“. Рома засега има само бод помалку од лидерот Јувентус, а единствениот пораз го има забележано во директна пресметка со шампионот.

„Ни претстои тешка средба. Баерн Минхен е многу силен тим и јас со нетрпение го чекам овој натпревар. Атмосферата на нашиот стадион сигурно ќе биде фантастична. Многумина зборуваат дека Гвардиола не го води Баерн така добро како што го правеше тоа во времето кога беше на клупата на Барселона. Сепак, јас знам дека Пеп ќе продолжи да се справува добро во Баерн и ќе биде уште поуспешен“, вели тренерот на Рома, Руди Гарсија.

Последната победа од 3:0 против Киево секако внесе уште поголем мотив кај фудбалерите на Рома од кои сега се очекува многу повеќе.

„Ги контролиравме работите на овој меч, особено во текот на второто полувреме. Ја создадовме предноста уште во првото полувреме, па не може да се каже дека во вторите 45 минути одморавме. Едноставно играчите дадоа 100 посто во текот на целата средба и сега едноставно можеме да се концентрираме на играта во Лигата на шампионите и на денешниот предизвик“, коментираше тренерот на „волчицата“.

ДЕСТРО ПОДГОТВЕН ЗА ГОЛОВИ

Она што го најавува тренерот на Рома го потврдува и напаѓачот Матија Дестро. Тој би можел да се најде и во првите 11 вечерва иако постои можност да тргне и од клупата доколку Гарсија се реши за варијанта со повеќе фудбалери во средниот ред.

„Натпреварот против Киево ни ја зголеми самодовербата и ние сега ќе се обидеме да продолжиме во истиот стил и на дуелот против Баерн. Се работи за средба од Лигата на шампионите така што јас сум убеден дека ова ќе биде одличен натпревар. Очекувам спектакл бидејќи нашата публика живее за вакви средби. На нас останува да го дадеме максимумот на терен. Во моментов ја оставаме битката за Скудетото во втор план и денеска размислуваме исклучиво за дуелот со Баерн на кој очекуваме да бидеме на потребното ниво“, вели Дестро.

ГОСТИТЕ ДЕСЕТКУВАНИ ВО РИМ

Баерн Минхен на овој меч влегува со улога на мал фаворит. Пред две години ситуацијата сигурно ќе беше поинаква, но во ситуацијава шансите одат кон 50-50.

Покрај тоа што Рома го има кренато нивото на квалитет, во таборот на Баерн Минхен се соочуваат и со проблеми околу составот. Многу од играчите се надвор од комбинација поради повреда, а единствениот кој е близу до враќање во тимот е Франк Рибери.

„Навистина е тешко кога некој играч треба да се врати во екипата по пауза поради повреда. Сепак, се надевам дека Рибери ќе успее да ја врати формата. Тој одигра добро во последните 30 минути од средбата против Вердер, а колку ќе игра против Рома ќе одлучиме денеска. Нашата цел на овој меч е да ги освоиме бодовите. Сакаме победа и свесни сме дека ни претстои тешка задача. Меѓутоа, ние мораме да одиме на победа и едноставно не смееме да се опуштаме“, изјавува Пеп Гвардиола.


Неколкумина од пред четири години

Во составите на денешните ривали се наоѓаат и неколку фудбалери кои настапија на последните дуели меѓу Рома и Баерн од Лигата на шампионите одиграни во 2010 година. Тогаш за Баерн играа Лам и Милер, додека Алаба беше на клупата. Бадштубер и Швајнштајгер исто така играа, но тие сега се повредени.

Кај Рома играа Тоти и Де Роси, а во тимот беше и Бориело, кој во моментов се жали на повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...