Ибраими по сензација во Лондон

Повредата е минато за Агим Ибраими, фудбалерот кој вечерва се очекува да настапи во првите 11 на Марибор на гостувањето во Лондон кај еден од претендентите за освојување на пехарот, тимот на Челзи. Жозе Мурињо ќе има можност да се увери во квалитетите на македонскиот интернационалец кој сезонава пишува историја со Марибор. Игра за првпат во Лигата на шампионите и ќе го забележи својот трет настап. Ибраими веќе имаше гостување со Марибор во Лондон во Лигата на Европа кога играше против Тотенхем кога загуби со 3:1 на „Вајт Харт Лејн“. Ибраими ги одигра сите 90 минути во таа пресметка.

„Кој не би сакал да го тресе тимот на Мурињо на негов терен. Се разбира дека Челзи е фаворит но ние покажавме на изминатите два меча дека можеме да играме успешно во ова големо натпреварување. Се радувам што повторно ќе играм против Цеск Фабрегас со кого имав некои препирки на средбата Шпанија - Македонија“ ни изјави Ибраими.

Инаку на нашиот напаѓач добро игра на островот. Можеби затоа е и понудата на Лидс од 1.500.000 евра за услугите на напаѓачот на Марибор

До сега Марибор нема пораз во ЛШ откако одигра 1:1 против Спортинг Лисабон дома, но и со ист резултат со Шалке на гостински терен. Утре Пандев со Галата го пречекува тимот на Борусија Дортмунд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...