– Ова е неверојатно. Знаев дека „Енфилд“ е тежок терен, но одигравме фантастично прво полувреме и заслуживме да победиме, изјави стрелецот на првиот гол за Реал Мадрид Кристијано Роналдо во синоќешниот натпревар против Ливерпул, кој шпанските фудбалери го добија на гости со 3:0.
- Не се оптоварувам со рекордот во Лигата на шампионите, знам дека ќе го соборам, додаде Роналдо по натпреварот.
– Лионел Меси и јас сме многу блиску, но најважно е што екипата има девет бода, додаде тој.