Според медиумите од регионот дисциплинската комисија на УЕФА го регистрираше прекинатиот фудбалски натпревар помеѓу Србија и Албанија со службен резултата од 3-0 за Србија, но веднаш им одзеде три бодови.
Одредена е и казна за ФСС од 100,000 евра и два натпревари без присуство на публика. Исто така и Албанскиот фудбалски сојуз е казнет со казна од 100.000 евра
Србија без публика ќе игра против репрезентациите на Данска и Ерменија.