Јунајтед може да ја прекине серијата на Челзи

Пред Манчестер Јунајтед се два големи натпревари на кои треба да покаже дека е способен да одигра на високо ниво и да се врати во трката по шампионската титула и излез во Лигата на шампионите. Првото искушение „Црвените ѓаволи“ го имаат в недела на свој терен против непоразениот Челзи, а веќе идната недела му гостуваат на лутиот градски ривал Сити.

Менаџерот Луис ван Гал ги пофали своите фудбалери за играта и покрај разочарувачкото реми 2:2 против ВБА минатата недела, но Холанѓанецот верува дека 10 бода заостанување зад лидерот Челзи можат да се надоместат.

„Можно е да се достигне лидерот. Сум го правел тоа многупати“, беше коментарот на Ван Гал.

Бекот на Манчестер Рафаел вели дека Манчестер Јунајтед може да му го нанесе првиот пораз на Челзи сезонава и покрај тоа што неговиот тим има бавен почеток на сезоната. Четата на Ван Гал има освоено 12 бода.

„Никој не е непобедлив. Точно е дека тие играат добро, но искрено не можат против сите. Оваа недела мора да паднат. Ние играме на Олд Трафорд каде бележиме добри резултати и чуствувам дека ќе одиграме фантастично и ќе ги израдуваме нашите фанови“, вели Рафаел.

Голманот Давид Де Геа може да го запише 50. меч за Јунајтед без да прими гол. Но тоа ќе биде тешка мисија бидејќи Шпанецот прими 12 гола во седумте претходни дуели против Челзи, но го сочува голот на последниот дуел на Олд Трафорд.

РУНИ СУСПЕНДИРАН

Манчестер Јунајтед ќе го нападне Челзи без првата ѕвезда во нападот Вејн Руни, кој е суспендиран поради црвениот картон на мечот со Вест Хем на 27 септември. Тоа значи дека повеќе простор во нападот ќе добие дуото Ван Перси и Фалкао. Одбранбениот ред пополека се консолидира, а по повредите се вратија Фил Џонс и Крис Смолинг. Претходните неколку дена Ди Марија се жалеше на болки, меѓутоа Аргентинецот ќе биде оспособен за настап.

Од таборот на Јунајтед соопштуваат дека Антонио Валенсија е повреден и е неизвесен за мечот.

ЧЕЛЗИ Е ВО СТРАШНА ФОРМА

Челзи е во страшна форма и е во серија од 12 меча без пораз од кои шест победи по ред во сите натпреварувања. Во Премиер-лигата има седум победи и едно реми, освен тоа е најефикасен тим со 23 дадени гола, а има осум примени исто колку и шампионот Сити.

Победата над Марибор со 6:0 во средата е потврда дека „сините“ во моментов се во најдобрата форма и ова е нивната шанса да триумфираат на Олд Трафорд и да ја зголемат бодовната предност. Последен пат Челзи триумфираше кај Манчестер Јунајтед во мај 2013 година (1:0) со автоголот на Фил Џонс.

КОСТА „ЗАКАЧИЛ“ БАКТЕРИЈА

Шпанскиот напаѓач Диего Коста пред една недела беше дел од шпанската репрезентација за квалификациите за ЕП 2016, но се врати болен поради што бил пренесен во болница. Во Челзи не сакаа да коментираат за што станува збор, но потврдува дека Коста се чувствува подобро по третманот. Се шпекулира дека причината е бактерија и тој е под знак прашалник за натпреварот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...