Најскапиот меч на светот

В сабота (18 ч.) ќе се сретнат двете најплатени и најаткрактивни екипи на планетата: Реал Мадрид и Барселона. Тоа е дуел на најефикасниот напад и најдобрата одбрана на Стариот континент, на едната страна Роналдо, Бејл, Бензема, а на другата Меси, Нејмар и, конечно, Луис Суарез

Трепери цела Шпанија, „цунами“ се заканува да стигне до брегот на Океанија, Јужна Америка, Алјаска, а ерупцијата на мегавулканот се очекува во сабота на стадионот Сантијаго Бернабеу на кој ќе биде поставена сцената на најголемото планетарно дерби, 169. првенствен дуел меѓу Реал Мадрид и Барселона познато како Ел Класико (18:00 ч. - ТВ Спортклуб 1).

Пред 85,000 среќници кои за тоа задоволство мораа да издвојат меѓу 70 и 340 евра, но и пред милионскиот телевизиски аудиториум, силите ќе ги одмерат моментално двата највредни, најскапи и најатрактивни тимови на планетата, клубовите со годишни буџети од околу 550,000.000 евра и во чии состави се наоѓаат шест од седумте највредни играчи на светот (недостасува само Ди Марија), освојувачите на последните шест „Златни топки“ (Меси и Роналдо), сопствениците на „Златните копачки“ (Суарез и Роналдо), фудбалери чија вредност се проценува на 1,300.000.000 евра.

МЕСИ, РОНАЛДО, СУАРЕЗ, РОДРИГЕЗ...

Овој Ел Класико е во знакот на дуел на двајцата „вонземјани“ Роналдо и Меси, дерби дебитантите Џејмс Родригез и Луис Суарез, пресметка на најефикасниот напад и најдобрата одбрана на Стариот континент, враќањето на некогашниот играч на Реал Луис Енрике на Бернабеу, но овој пат на клупата на најлутиот ривал Барселона, како и огненото крштевање на 30-годишниот судија Хесус Хил Мансан, кој ја доби честа да ја дели правдата на овој историски меч.

Каталонците ги добија двата минатогодишни првенствени натпревари, мадриѓаните се реваншираа со триумфот во финалето на Купот. На последните 10 пресметки меѓу шпанските великани секогаш паѓаа барем два гола, на девет меча три и повеќе погодоци и секогаш проаѓаше системот „гол-гол“, односно ни Реал ни Барса не успеваа да ја сочуваат мрежата недопрена.

А како би играле поинаку кога на едната страна се наоѓаат Лионел Меси со 21 погодок на 28 дербија (14 во 16 лигашки дуели), кој е најдобар стрелец во историјата на Ел Класико и кој е посебно расположен кога игра на Бернабеу (12 гола, а на последната победа со 4:3 запиша хет-трик). На другата страна, Кристијано Роналдо влезе во историјата на дербијата како прв стрелец на шест едноподруго мечеви (вкупно 13 на 21 натпревар, но само пет во Примера), а сезонава се наоѓа во фантастична форма бидејќи на последните осум натпревари, за 35 дена, постигна дури 16 погодоци.

Големото дерби Барселона го дочекува со четири бода предност, но и неверојатен рекорд на голманот Клаудио Браво, кој нема примено погодок веќе 720 минути. Меѓутоа, би било вистинско чудо доколку серијата ја продолжи и против Реал, која е најефикасната екипа во Европа, бидејќи во пет врзани победи запиша гол-разлика 25:3, односно во просек по пет постигнати голови на меч.

ОБЈЕКТИВИТЕ ВПЕРЕНИ КОН ЕНРИКЕ

Луис Енрике дефинитивно ќе биде една од ѕвездите на Ел Класико. Тој не само што како играч настапуваше и за Реал и за Барселона туку е еден од ретките кои биле стрелци и за мадриѓаните и за каталонците на дерби мечевите (еден во белиот и пет во сино-црвениот дрес). Енрике има позитивен играчки биланс против Реал во Мадрид (на 10 мечеви само два порази), а од навивачите на двата тима остана запомнет по првиот гол кој го постигна за Барса среде Мадрид по заминувањето од Реал. А истиот го прослави еуфорично, со соблекување на дресот и фрлање во публика.

РЕАЛ Е ПОД ПОГОЛЕМ ПРИТИСОК

Пред домаќините е голем притисок бидејќи во случај на пораз ќе заостанува зад водечката Барса седум бодови и поради фактот што сезонава веќе изгубија едно дерби (од Атлетико). Дополнителен проблем за тренерот Карло Анчелоти е што Реал имаше тежок меч со Ливерпул во ЛШ и што ќе бидат отсутни Кедира, Хесе и Бејл.

И додека Италијанецот размислува дали да им се спротивстави на „каталонците“ со суперофанзивна формација со Крос, Родригез, Роналдо и Бензема, Луис Енрике има поголеми дилеми почнувајќи од одбранбениот бедем во кој најслабата алка би бил Дани Алвес во дуел со Роналдо. Во нападот по одлежаната суспензија ќе може да смета на Луис Суарез па прашање е дали ќе ризикува и од првата минута на теренот да го пушти триото Меси-Суарез-Нејмар. Со оглед на тежината на мечот веројатно Енрике нема да се коцка и веројатно ќе тргне со засилен среден ред.

СУДИЈА ДЕБИТАНТ

Листата на дебитанти ќе ја затвори Хесус Хил Мансано, судијата од Бадахоза кој веќе урна многу рекорди со тоа што со 17 години судеше во четвртата шпанска лига, а со 27 години дебитираше во Примера, а две години подоцна ја доби значката на ФИФА. На почетокот на четвртата деценија ја доби честа да го суди првото Ел Класико. На Реал досега му судел седум пати (скор 5-1-1), а на Барса двапати (2-0-0).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...