Пандев на „пат“ кон Сампдорија

„Македонски спорт“ дознава дека Синиша Михајловиќ е силно заинтересиран да го донесе нашиот најдобар фудбалер уште во јануари и да го врати во Италија

Додека играше во Италија, Горан Пандев беше во одлична форма. Особено во дресот на Интер со кој го направи најголемиот успех и стана европски, а подоцна и светски шампион. И кога играше за Лацио, Наполи ги тресеше противничките мрежи. Пандев беше еден од најдобрите играчи на „Чизмата“. Но дојде време за промена и заминување од Италија. Македонецот сега е член на Галатасарај, меѓутоа деновиве наидува на сè поголеми критики поради неговата игра и поради тоа што и натаму нема постигнато гол. Кога излегуваше од игра на дуелот со Борусија Дортмунд беше „награден“ со свирежи.

Тоа значи дека сè посилни се сигналите дека би можел да се врати во Италија, и тоа во јануарскиот преоден рок. Сампдорија на Синиша Михајловиќ е првиот тим кој најави заинтересираност во случај Пандев да сака да се врати онаму каде што ги доживеа најдобрите моменти во својата кариера. Тоа лесно би можело да се случи за неколку месеци, но Сампдорија ќе треба да плаќа отштета со оглед дека нашиот фудбалер има договор до 2016 година.

ТУРЦИТЕ ПРАВАТ СКАНДАЛ СО НЕГОВИОТ ДОГОВОР

Очигледно е дека Пандев не се снаоѓа во Галатасарај, но и очигледно е дека од неговиот престој во Истанбул има минато многу малку време и дека му треба повеќе за адаптација. Но, турските медиуми не испуштија да го нападнат Пандев, но и тимот кој потпишал договор со него. Имено, според некои пишувања во неговиот договор стои дека тој треба да ги почне сите натпревари во Лигата на шампионите оваа сезона. Нешто што до сега се остварува и Пандев беше стартер на сите три меча во „елитата“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...