Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, планира да ја засили одбраната во јануарскиот преоден рок, а за таа цел сака да ангажира играч од Јувентус. Во неговиот список е Стефан Лихтштајнер, а сака да го донесе како замена за Алваро Арбелоа, кој очигледно ќе си замине од „Бернабе“.
Анчелоти сака играч кој ќе може да ја дели минутажата со Даниел Карвахал, а во Лихтштајнер гледа одлична замена. Токму поради тоа сака уште во јануари да ја заврши работата. Проблем може да биде тоа што и Јувентус не сака да се раздели од играчот од Швајцарија и