Јувентус со најмалку порази за 12 месеци во Европа

Јувентус е тимот кој доминира во италијанското првенство во последните неколку години. „Старата дама“ направи хет-трик со освојување на скудетото, а сезонава се надеваат дека шампионската низа ќе ја продолжат. Јувентус повторно е главен фаворит за трофејот, но овој пат имаат вистински ривал во тимот на Рома. Засега по точно една четвртина од шампионатот, овие две екипи се сосема израмнети.

Јувентус покажа дека не е непобедлив откако загуби на гостувањето кај Џенова, примајќи гол буквално во последните секунди од мечот. За „старата“ ова беше прв пораз сезонава. Горчината на поразот шампионот ја немаше почувствувано од март, односно од неуспехот на гостувањето кај Наполи, кога загуби со 2:0, во минатиот шампионат. Тогаш асистент на еден од погодоците за наполитанците беше македонскиот интернационалец Горан Пандев. Ако се видат резултатите на Јуве во првенството, поразот кај Џенова е само втор за нив во последниве 12 месеци.

АЛЕГРИ: ДА СЕ БИДЕ ШАМПИОН ДОВОЛНО Е ДА СЕ ИМА ЕДЕН БОД ПОВЕЌЕ ОД ВТОРИОТ

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, беше разочаран по првиот првенствен пораз, за него, откако е дојден во Торино. Според стратегот, главна причина за поразот е лошиот терен на стадионот на Џенова. Алегри смета дека е рано да се зборува за шампионската трка и дека еден пораз не значи дека треба да се вклучи алармот во тимот.

„Игравме на оштетен терен. Не смее да се дозволи да се игра на толку лош терен. Се боревме и сакавме да победиме, но едноставно киксиравме во последните 20 секунди и затоа загубивме. За да се освои титулата не мора да се освојат 108 бодови, туку треба да се има барем еден бод повеќе од вториот. Штета што на крајот примивме гол иако ние имавме шест играчи, а Џенова тргна во контра со само двајца. Ќе беше многу добро да освоиме барем еден бод од овој меч“, рече тренерот на Јуве, Алегри.

БАЕРН Е ВЕДНАШ ЗАД „СТАРАТА ДАМА“

Ниту еден друг тим во Европа нема таква серија со која може да се пофали Јувентус, а тоа е дека загубил само двапати во последниве 12 месеци во средби од домашниот шампионат. Баерн Минхен е најблиску до Јувентус. И баварскиот гигант има само два порази во Бундес-лигата. Германскиот првак и двата неуспеси ги претрпе во април годинава, кога веќе ја имаа освоено титулата. Тогаш загубија од Аугзбург и Борусија Дортмунд. Оттогаш тимот е во низа од 13 меча без пораз.

ПСЖ Е ПРЕД ЧЕЛЗИ, БАРСЕЛОНА, РЕАЛ МАДРИД...

Ниту еден друг тим во најдобрите пет првенства во Европа не може да се пофали дека само двапати загубил за 12 месеци во домашниот шампионат. Најблиску до Јувентус и Баерн Минхен е францускиот првак Пари сен Жермен. „Светците“ сезонава немаат ниту еден пораз досега, но ако се погледнат резултатите од минатото првенство, во изминативе 12 месеци тие три пати биле поразени. Од останатите европски гиганти, Реал Мадрид веќе има два порази сезонава и тоа по само девет одиграни средби во Примера. Барселона дури шест пати била поразена во шампионатот во последниве 12 месеци. Лидерот во англиската Премиер-лига, Челзи, сезонава нема пораз, но ако се видат резултатите во последнава година во домашниот шампионат, Челзи дури петпати бил поразен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...