Првиот стрелец во ЛШ ја продолжува кариерата во САД

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Шалке 04, Раул одлучи да се активира, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Њујорк Космос. Тој беше во пензија откако се збогуваше со Ал Ахли, но сега одново му се враќа на фудбалот.

Раул сè уште е стрелец број 1 во Лигата на шампионите, но наскоро ќе го загуби врвот од Роналдо или од Меси. Сепак, тоа во случајов не е во прв план бидејќи тој сега ќе игра во САД каде што се очекува да придонесе за напредок на клубот.

„Њујорк Космос може да објави дека поранешниот капитен на Реал Мадрид и на Шпанија, Раул Гонзалез Бланко ќе потпише неколкугодишен договор со клубот за да може да учествува во првенството во 2015 година. Секако прво постои услов успешно да ги мине лекарските прегледи“, се вели во соопштението кое е објавено од страна на клубот.

Покрај тоа што Раул ќе биде големо засилување за Њујорк Космос на теренот тој ќе има и улога на технички советник, а кога ќе одлучи да се повлече од играњето ќе продолжи да работи како тренер во академијата.

„Секој во светот на фудбалот го знае името на Космос. Ја знае и историјата на фудбалерите кои играле за екипата пред тоа. Тие помогнаа фудбалот да дојде во Америка и јас сум горд што ќе ги следам нивните стапки. Верувам во визијата на овој клуб и сум горд што сум дел од него“, изјави раул.

Пред два дена Раул прослави 20 години од почетокот на професионалната кариера во која дури 16 сезони ги мина во Реал Мадрид. За овој период Раул одигра 741 натпревар, а постигна 323 гола. Потоа по две сезони мина во Шалке 04 и Ал Сад од Катар.

Инаку, во Њујорк Космос во минатото имаше многу прославени имиња на фудбалот, а меѓу нив секако најголеми беа Пеле и Франц Бекенбауер, кои оставија голема трага во седумдесетите години на минатиот век.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...