Аматерите од Гибралтар гостуваат кај светскиот првак

Најновиот член на европската фудбалска куќа (УЕФА), репрезентацијата на Гибралтар гостува кај актуелниот светски првак Германија. Гибралтар е земја која има површина од само 6,8 километри квадратни, со што се наоѓа на 241. место на листата на земји според површина, од вкупно 249 земји што постојат во светот. Во земјата живеат помалку од 30.000 жители.

Оваа земја лани, за првпат во својата историја доби право за настап во квалификации за едно големо натпреварување. Тие се дел од квалифиакциите за ЕП 2016, а ждрепката сакаше да бидат во група со Германија, која летово и официјално го доби приматот за најдобра светска репрезентација и тоа благодарение на триумфот на Мундијалот во Бразил.

ПОЛИЦАЈЦИ, ПОЖАРНИКАРИ, УЧИТЕЛИ И БАНКАРИ ПРОТИВ „МАШИНЕРИЈАТА“

По првите три кола одиграни во квалификациите Гибралтар и офоцијално потврди дека се најслаби во Европа. Примија дури 17 голови, а ниту еднаш не ја тресеа противничката мрежа. Тоа значи дека во просек губат со 0:6. Ваквите резултати и воопшто не се чудни ако се знае дека тоа е селекција во која настапуваат аматери, на кои фудбалот им е рекреација и забава. Место меѓу најдобрите има за играчи кои по професија се полицајци, учители, пожарникари, адвокати, брокери, банкари. До пред неколку месеци тие не ни верувале дека ќе имаат можност да играат против фудбалери кои пред само четири месеци се искачија на светскиот трон.

„Разликата меѓу нас и Германија е десет света. Сепак, за нас ова ќе биде меч кој ќе можеме да го раскажуваме и на нашите внуци“, вели задоволно капитенот на Гибралтар, Рој Чиполина, кој работи како продавач. Предводникот на Гибралтар вели дека е навикнат да игра и пред само 10 гледачи, а сега игра пред повеќе од 35.000 навивачи.

Репрезентативците на Гибралтар се едногласни дека за нив е чест да играат против Германија. Некои од нив дури и коментираат дека на терен против нив да се појави и селекцијата на Германија до 15 години, тие повторно ќе загубат.

МЕЧОТ ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА „ПАНЦЕРИТЕ“

Германија на СП летово одиграа феноменално, а тогаш ја забележаа една од највредните победи во нивната историја. Во полуфиналето убедливо, со 7:1, го растурија домаќинот Бразил со што покажаа дека немаат милост кон ниту еден противник. Сепак, по освојување на златото, тимот на селекторот Јоаким Лев падна во криза. Одигра четири меча, а победи само еднаш, двапати беше поразен, а еден дуел заврши нерешено. Затоа овој дуел со аутсајдерот Гибралтар за нив доаѓа во вистинско време, за да се врати победничката атмосфера во составот.

„Важно е да се концентрираме на дуелот со Гибралтар. Секој противник треба да го респектираме, па така е и со Гибралтар“, вели дефанзивецот на Германија, Жером Боатенг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...