Хамшик вреди колку две Македонии

Фудбалерот на Наполи, за кого секојдневно се „тепаат“ големите европски клубови е со вредност од 35 милиони евра, или двојно поскап од целата наша репрезентација вкупно

Словачкиот национален тим во своите редови има многу квалитетни фудбалери кои во последните неколку години нешто значат во европскиот и светскиот фудбал. Словачка беше дел од Светското првенство 2010 година кога направи големо изненадување и ја елиминираше големата Италија, која дојде на Мундијалот тогаш како светски шампион. Сите се согласуваат дека Словаците во моментов ја имаат најдобрата генерација фудбалери и ова им е една од шансите да направат голем успех на едно големо натпреварување. Во минатото дресот на оваа селекција го носеа Сцилар Немет, Марек Минтал, Мирослав Кархан... играчи кои „палеа“ во Бундес-лигата во минатото, меѓутоа сега само еден играч е синоним за словачкиот национален тим - Марек Хамшик.

Фудбалерот на Наполи познат не само по своите добри игри во Италија и во Европа, туку и по „бесната“ фризура и својот стил на игра кој малкумина го применуваат. Хамшик е најдобриот фудбалер и најскапата „ѕвезда“ на Словачка, која ќе истрча на теренот на „Филип Втори“ во сабота. Вреди цели 35 милиони евра, или е двојно поскап од целата наша репрезентација која има вредност од само 18 милиони евра. Тоа е разликата меѓу Словачка и Македонија, во таа голема ѕвезда за која во секој преоден рок има „тепачки“ и понуди, ама тој одолева и веќе седма сезона е во Наполи.

УБЕДЛИВО ПРВ, ДВОЈНО ПРЕД ШКРТЕЛ

По Хамшик, добро познат од словачкиот национален состав ни е Мартин Шкртел. Тоа е оној дефанзивец на Ливерпул кај кого не може ниту „пиле да прелета“. Или играч од типот на оние за кои велат дека топката може да помине, но човекот никако. Шкртел, моментално член на Ливерпул, е вториот по вредност после Хамшик, или тој вреди приближно колку цела наша репрезентација или точно 14 милиони евра. Шкртел е неизоставен дел од англиската Премиер-Лига и фудбалер кој е бескомпромисен кога се наоѓа на теренот и стопер со кој нашите офанзивци ќе имаат големи проблеми како да стигнат до голот на противникот. Трет на листата на Словаците е Томас Хубочан со 7.5 милиони, а „милионери“ во словачкиот национален тим се сите освен четири играчи. Хамшик е најскапиот фудбалер во историјата на словачката репрезентација воопшто.

СЛОВАЦИТЕ ПЕТ ПАТИ ПОСКАПИ

Вкупната вредност на Словачка е цели 85 милиони евра, што ги прави да бидат речиси петпати поскапи од нашите кои имаат вкупна вредност од 18 милиони евра. Тоа доволно кажува кој е кој на овој натпревар и дека Словачка незалудно е на првата позиција на табелата во групата „Ц“ и многу блиску до пласман на Европското првенство 2016 година, што за нив ќе биде прв настап меѓу најдобрите селекции во Европа, откако до сега имаат само еден настап на Мундијалот. Имаат и играчи кои не играат во звучни клубови (Каират, Ал Аин, Лехвија, Легија...), но, сепак, вредат милиони и многу повеќе од нашите играчи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...