Втор најслаб квалификациски старт за Македонија

По првите четири натпревари во квалификациите за пласман на ЕП 2016 година, репрезентацијата на Македонија заминува на четиримесечна пауза, а следната година во март се враќа на стандардните обврски и дуел со Белорусија на домашен терен. Во меѓувреме можеби ќе има еден „тест“ меч за подобро воигрување, но следува период на анализи и статистики. До март има време да се направат добри проценки и потоа да се одбере најдоброто. До тогаш можеби во националниот тим ќе дуваат други ветрови, со оглед дека по преодниот рок во јануари ќе се смени ситуацијата со одредени фудбалери и тие ќе најдат други клубови каде што ќе бидат стандардни, што е доволен мотив Ѓуровски да размислува и за нивен повик. Таква е ситуацијата со Горан Попов на пример, потоа со Александар Лазевски, а можеби ќе се смени ситуацијата и со Даниел Георгиевски. Сето тоа ќе се знае во текот на следните месеци, а до тогаш ќе се прават анализи.

Бројките кажуваат дека овој квалификациски старт од четири натпревари е вториот најлош во досегашните циклуси. Сепак, при оваа анализа треба да се имаат предвид и противниците кои ни ги носела ждрепката, односно дека некогаш сме играле со послаби некогаш со посилни селекции. По квалификацискиот циклус за пласман ЕП 2004 овој е подобар само од таа кампањи.

ПОЛОШИ САМО ВО 2002 ГОДИНА

Најлошиот квалификациски старт Македонија го има во 2002 година, односно за пласман на ЕП 2004 во Португалија. Под водство на селекторот Никола Илиевски, македонската фудбалска селекција забележа две ремија и два порази, и единствно тогаш ниту еден триумф. Играше со Лихтенштајн во гости, со Турција дома, со Англија на гости и дома и тогаш со Словачка (идентичен пораз од 0:2). Тогаш македонскиот национален тим освоил само два бода. Идентичен старт како сегашниот квалификациски циклус има Среќко Катанец во 2008 година за пласман на СП 2010 во Јужна Африка. И тогаш селекцијата на Македонија забележа само една победа, но потоа доживеа три порази. Тогаш Катанец имаше подобра гол разлика од Ѓуровски (2:7 наспроти сега 4:10), но и тој е еден од најлошите стартови на нашата селекција. Инаку, интересно, и двата селектори добија откази во текот на квалификациите.

КВАЛИФИКАЦИИ СО НАЈМНОГУ ПРИМЕНИ ГОЛОВИ

Оваа кампања за Македонија е најлоша по едно. Тоа се примените голови. Никогаш до сега во ниту едни квалификации во првите четири кола немаме примено погодоци со двоцифрен број. Одбраната од секогаш била една од нашите посилни страни, што не е случај во сегашниот квалификациски циклус со оглед дека имаме примено 10 голови. Полека паѓа митот и за непробојната одбрана во минатото сочинета од Седлоски, Митрески, Новески, Васоски, Зоки Јовановски... Сега секој кој ќе дојде ни дава гол(ови) и тоа е проблемот во овие квалификации, и проблем за кој селекторот Ѓуровски најави решавање со менување и евентуално подмладување во идните квалификациски мечеви.

ПРОТИВНИЦИТЕ „СТРЕЛАА“ ВО НАША МРЕЖА ОД 35. ДО 45. МИНУТА

Интересен податок кој кажува дека пола од головите кои ги имаме примено во овие квалификации биле во период од 35. до 45. минута. Во последните 10 минути Македонија „паѓа“ пред противниците. Бускетс од Шпанија и Сидорчук од Украина „стрелаа“ во судиското надополнување од првиот дел, во 44. минута стрелаше и Турпел од Луксембург. Од истиот противник примивме гол и во 39. минута од страна на Бенси. Словачка зголеми на 0:2 во 38. минута преку Немец. Тоа значи дека Македонија токму во тој период е ранлива и токму тука треба да се посвети многу внимание. Бошко Ѓуровски сигурно го знае овој податок и сигурно дека ќе мора да се преземат чекори да се заигра подобро во последните мигови од првиот дел. Секој противник ни постигнал гол(ови) во овој ранлив период од 35. до 45. минута.

„ЧИСТА“ МРЕЖА САМО СО КИНА И КАТАР

Во деветте меча одиграни оваа година Македонија не прими гол само на двата пријателски меча, против Катар одигран во италијанскиот Риети и против Кина, кој се играше во Шенјанг. Само тогаш момците на Бошко Ѓуровски останаа со нула кога станува збор за примените голови. Против сите други противници барем еднаш се тресеше нашата мрежа, а најмногу на дуелот со Шпанија во Валенсија одигран на стартот - дури петпати. Потоа следува дуелите со Камерун, Кина, Словачка и Луксембург кои двапати ја тресеа нашата мрежа. По еднаш погодија Летонија и Украина.

ГОДИНАВА СО НЕГАТИВЕН БИЛАНС

Вкупно оваа година Македонија одигра девет натпревари вклучувајќи ги и „тестовите“ пред квалификациите. Има биланс од две победи, две нерешени средби и пет порази. Само двапати ја сочувавме мрежата, а имаме примено дури 15 голови, од кои 10 во квалификациите. Дадени само шест гола. Годината репрезентацијата ја завршува со негативен биланс и со два триумфа против Летонија и Луксембрг, и две реми со Кина и со Катар, и другото се порази од Камерун, Кина, Шпанија, Украина и Словачка.

И ШПИЦОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОФАЛИ

Покрај одбраната, која е нашата најслаба страна, ниту напаѓачите не може да се пофалат со којзнае какви бројки. Пред квалификациите немавме постигнато гол на четири меча (Камерун, Катар и два меча со Кина). Во овие квалификации имаме само четири, од кои два од прекин и два од игра. Со Луксембург „стрелавме“ четирипати, и еднаш со Шпанија, а со другите останавме на нула. Вкупно оваа година погодовиме шест пати вклучувајќи ги и оние два гола против Летонија на дебито на Бошко Ѓуровски како селектор. Головите ги дадоа главно играчите од офанзивниот среден ред (Трајковски, Абдурахими и Ибраими), додека еден имаат напаѓачите (Јаховиќ против Луксембург од пенал).

Со Абдурахими и Адеми добивме во средината, меѓутоа дефинитивно ќе треба да се менуваат работите во нападот и пред сè во одбранбениот ред.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...